Компании
оне.Вип со нова мрежа во кумановскиот регион
Компанијата оне.Вип во средата објави дека успешно го имплементира првиот прокет за изградба на нова мрежа во регионот Куманово, Крива Паланка и Кратово, најавувајќи нова мрежа и во другите региони.
Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент, велат од компанијата.
Со спојувањето во новиот ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со поголем инвестициски капацитет и се обврзавме да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. Денеска со гордост ги објавуваме првите резултати постигнати со инвестицијата што ја почнавме за изградба на нова мобилна мрежа, што е значајно подобрување во регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.
Ова е прв регион каде имплементацијата на новата мрежа е успешно спроведена. Во моментот тимовите работат на изградба на нова мрежа во Скопскиот регион и на крајот на годината ќе заврши во сите урбани делови во Македонија.
Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците, велат од компанијата.
Истовремено од компанијата најавуваат дека оне.Вип и Близу ќе бидат фокусирани на целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура.
Новата кабловска HFC технологија на Вип/ Близу ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, односно до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за околу 85% од домовите каде Близу има покриеност во Македонија. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

