Регион
Турција го повика Трамп да го испорача Ѓулен

Турскиот премиер Бинали Јилдирим го повика во средата новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веднаш по неговата инагурација во јануари да го екстрадира муслимански свештеник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, обвинет од страна на Анкара за неуспешниот државен удар од ноќта на 15-ти јули.
Јилдирим изјави дека се надева оти новото раководство во Соединетите смерикански држави ќе ја има предвид „чувствителноста на Турција во врска со борбата против тероризмот“, и ќе им даде приоритет на политиките што ќе донесат мир и стабилност во регионот, со што ќе се унапреди традиционалното пријателство меѓу двете земји.
Односите меѓу двата сојузника САД и Турција се влошија поради перцепциите во Турција дека САД не сакаат да го приведат и екстрадира контроверзниот исламистички проповедни Фтулах Ѓулен, кој од близок сојузник се претори во најголемиот противник на аклтуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турција, исто така, е фрустрирана од поддршката на Вашингтон за сириските Курди кои се борат против Исламска држава во Сирија, а кои ги смета за блиски на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), против која од минатото лето спровдува широка воена операција на турскиот југоисток./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.