Македонија
Анкета: Се топи разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Доколку денеска се одржат изборите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 28, 4 отсто од испитаниците, а за СДСМ високи 21,6 отсто, покажа анкетата на невладината организација „Друга Алтернатива“.
Понатаму следат, ДУИ 11,6 отсто, ДПА 5,8 отсто, Достоиство 0,9 отсто, ДР-ДПА 0,8 отсто, Беса 0,7 отсто, додека дека нема да гласаат рекле 19,1 отсто.
Политичар на кој најмногу му веруваат е Никола Груевски со 27,9 отсто, следат Зоран Заев со 22,4 отсто, Али Ахмети 12,3 отсто, Мендух Тачи 5,9 отсто, Љупчо Георгиевски 1,2 отсто, Зијадин Села 0,8 отсто.
Дури 29,1 отсто од испитаниците веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најммногу прави за нив како граѓанин, додека дека тоа е СДСМ рекле 22,2 отсто од испитаниците.
На прашањето „Дали мислите дека Изборите закажани на 11.12.2016, ќе ја решат политичката криза во Македонија?“ 33,7 отсто одговориле со „Да“, а 28,9 отсто „Не“.
Околу 40 отсто, од граѓаните мислат дека Македонија ги исполнува сите услови за влез во НАТО и ЕУ, а 25,6 дека не ги исполнува.
Анкетата е спроведена во период од 31.10 2016 до 05.11.2016, по телефон на 1.018 примероци низ цела Македонија, со фиксни телефонски броеви која била анонимна и по случаен избор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(ВИДЕО) Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица, внимавајте што ви излегува од уста
На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота – рече Пешевска.
Македонија
Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка
„Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија,“ рече пртетседателот Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.
Тој потсети на историското значење на овој ден потсетувајќи дека на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создадала стандардизираната албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.
„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“ рече Филипче.
На крај, тој упати честитки до сите:
„Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.
Македонија
Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите. Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.
ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.
Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?
СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.
Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.