Регион
Плевнелиев се откажа од изборите наесен

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев објави во петокот дека нема да се кандидира за вториот мандат на изборите предводени за октомври.
„Со мирна совест објавувам дека нема да учествувам на претстојните претседателски избори од лични причини“, изјави Росен Плевнелиев, без да ја појасни причината за својата одлука.
Политичките коментатори во овој потег на Плевнелиев гледаат критика упатена на сметката на владејачките парти од десниот центар, ГЕРБ и Реформскиот блок, кои се обвинувани дека попуштаат пред националистичките притисоци.
Но оваа одлука може да се протолкува и како реакција на тоа што бугарскиот парламент претходно седмицава го отфрли ветото на Плевнелиев на измените на изборниот законик.
Претседателот Росен Плевнелиев, од редовите на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, се противеше на одредбата којашто предвидува ограничување на гласањето на Бугарите во странство.
Амандманот беше внесен под притисок на Патриотскиот фронт, означена како националистичка партија која сака да го ограничи гласањето на големото бугарско малцинство според државјанство во Турција. Тоа редовно гласа за турското малцинство во Бугарија.
Противниците го обвинуваат премиерот Борисов бидејќи нема парламентарно мнозинство зависи од 18-те пратеници на Патриотскиот фронт./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Момче било претепано во училишниот тоалет и снимено во Хрватска; Директорот: Вообичаен конфликт, а не спектакл

Нов случај на врсничко насилство се случи во основно училиште во Крапинско-загорската жупанија, кога неколку момчиња брутално претепале 12-годишен врсник во училишниот тоалет, а нападот бил снимен. Поради повредите момчето завршило во загрепска болница, а полицијата интервенирала во училиштето, јавува Дневник.хр.
Од болницата потврдиле дека момчето било примено на лекување, но не соопштуваат детали. Неговата мајка изјавила дека тој претрпел удар во слезината и потрес на мозокоt. По два дена во болница бил пуштен на домашна нега.
Мајката тврди дека нејзиниот син повеќе од една година трпел насилство и дека стручните служби во училиштето знаеле за проблемите, но не реагирале. „Има се, од ситни провоцирања, удирање, до поголеми тепачки, на кои училиштето лошо реагираше или воопшто не реагираше и често го обвинуваше 12-годишното дете затоа што, како што велат, самиот го испровоцирал“, вели мајката.
Таа додава дека во училиштето и објасниле дека насилниците имаат различни дијагнози, а кога момчето претходно било погодено во ногата, родителите на напаѓачите ја нападнале неа, бидејќи таа ги пријавила.
„Кога го добив видеото од тепањето, ужас е да се види“ изјавила мајката, која истакнала дека училишните служби целосно не реагирале, а ниту класната раководителка не сакала да одговори на нејзиниот повик.
Директорот на училиштето потврдил дека полицијата била во училиштето. „Тоа не е спектакл, тоа е нормален конфликт меѓу момчиња, се караат малку и знаете како е, родителите веднаш викаат полиција“, изјавил директорот за Нова ТВ. Тој тврди дека училиштето го почитува протоколот и дека сите се известени.
Од полицијата велат дека поради чувствителноста на случајот ќе се изјаснат писмено.
Мајката како што пренесуваат медиумите, најмила адвокат за да се обиде да го спречи насилството врз нејзиното дете.
Регион
Владата во Албанија го забрани „Тик-ток“на 12 месеци

Албанската влада денеска донесе одлука да ја забрани апликацијата „Тик-ток“ на 12 месеци поради содржина која наводно поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата.
Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу рече дека владата е во контакт со „Тик-ток“ за инсталирање филтер за родителска контрола, како и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата, пренесува АП.
Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препораа и беа за затворање или ограничување на платформата „Тик-ток““, рече министерката.
Владата во Тирана покрена иницијатива за затворање на апликацијата минатата година, откако тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на „Tик-ток“.
Рама денеска изјави дека владата е во „позитивен дијалог со компанијата“ која наскоро ќе оди во Албанија за да понуди „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.
Компанијата соопшти дека не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на „Тик-ток“, а повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од „Tик-ток“.
Родителите според написите, изразиле загриженост по извештаите на децата кои се инспирирани од содржината на социјалните мрежи да носат ножеви на училиште, или случаите на малтретирање промовирани со приказни што ги гледаат на „Tик-ток“.
Властите го зголемија полициското присуство во некои училишта и воведоа други мерки, вклучително и програми за обука на наставниците, учениците и нивните родители.
Албанската опозиција не се согласи со затворањето на „Тик-ток“ и го одреди 15 март како ден за протест против тој потег, тврдејќи дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ: Ќе разговарам со Путин утре

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека утре во 12 часот ќе разговара со рускиот претседател, Владимир Путин.
Како што рече, двајцата ќе зборуваат за билатералните односи меѓу Србија и Русија. Инаку, Путин вчера му испратил честитка на Вучиќ по повод неговиот 55. роденден.
„Почитуван господине претседателе, ве молам примете ги моите срдечни честитки по повод вашиот 55-ти роденден. Искрено Ви посакувам многу здравје, среќа, просперитет и успех во државните должности за добробит на братскиот народ на Србија“, се вели во честитката.