Контакт

Европа

Мала „Џунгла“: На северот на Париз отворен бегалски центар за 400 лица

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во северот на Париз во четвртокот бил отворен бегалски центар за 400 мажи, во рамките на згрижувањето на барателите на азил по отстранувањето на бегалскиот камп „Џунгла“ од Кале, пренесуваат светските агенции.

 

Центарот близу железничката станица Гар ду Норд дневно ќе прима од 50 до 80 лица, колку што пристигнуваат во Париз на дневна база. Тие тука ќе останат до десет дена, и ќе им бидат понудени лекарска помош како и совети за барање азил пред да бидат префрлени во бегалски хостел.

 

„Целта е да се создаде место кое ќе биде безбедно, хуманитарно засолниште на сите новопристигнати мигранти“, рекол Бруно Морел, директор на организацијата „Еманус Солидарите“, која управува со центарот. Слично засолнште за жени и деца ќе биде отворено кон почетокот на 2017-та година во југоисточното париско предградие Иври-сур-Сеин.

 

Отворањето на центарот за мажи доаѓа седум дена откако полицијата го отстрани кампот на североистокот на Париз, каде што имаше околу 3.800 лица, повеќе од нив Авганистанци, Суданци и Еритрејци./крај/мф/бс

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Вознемирувачко видео) Снимка од дрон покажува како руски војници егзекутираат четворица украински заробеници, објави АП

Објавено пред

Снимките од воздух покажуваат како четворица украински војници излегуваат од уништена куќа, едниот со кренати раце во знак на предавање, а потоа легнат со лицето надолу во тревата во селото Пјатихатки во јужна Украина. Над нив стојат вооружени руски војници.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Два дрона, едниот украински, а другиот руски, ја снимиле целата ситуација од воздух. Компаративната анализа на двете видеа, до која дојде „Асошиетед прес“, открива шокантна разлика во содржината: во руското видео затворениците се живи, а потоа нагло престанува. Снимката од украинскиот дрон ја покажува нивната егзекуција од непосредна близина.

Според видеото добиено од европските воени претставници и анализирано од Британскиот центар за информативни истраги (ЦИР), војниците што носат руски воени ознаки го креваат оружјето и им пукаат во секого од четворицата Украинци во грбот.

„Од сите егзекуции што ги анализиравме од крајот на 2023 година, ова е едно од најјасните“, рече Роло Колинс од ЦИР. „Ова не е убиство во борба. Ова е незаконска егзекуција“.

Според информациите што ги добил АП од европски претставници, инцидентот се случил на 13 март. Два дена претходно, руските војници објавија видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како поставуваат знаме среде урнатините на Пјатихатки, во регионот Запорожје.

На руската снимка се гледа моментот кога експлозивниот дрон влегува во куќата во која се криеле Украинците, а потоа еден од затворениците излегува со кренати раце и лежи на земјата со другите.

Украинските снимки покажуваат како руски војници накратко ги прегледуваат затворениците, потоа пристигнуваат уште двајца, комуницираат преку радио и почнува егзекуцијата. Руски војник се приближил со оружје во раката и почнал да пука, а му се придружиле и уште двајца. Додека едниот го полни оружјето, вториот пука во главата и во шлемот на еден војник, а третиот потоа ги завршува сите други. Ги убиваа еден по еден, методично.

Украинската 128. бригада на планинските сили, која го сними инцидентот, одби да коментира бидејќи е почната истрага. Украинската служба за безбедност потврди за АП дека случајот се истражува како можно воено злосторство.

Според украинските податоци, руските сили егзекутирале најмалку 245 украински воени заробеници од почетокот на инвазијата. Обвинителите тврдат дека не станува збор за изолирани случаи, туку за систематска практика поддржана од највисокото раководство на руската влада.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

Објавено пред

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина паѓа обилен снег.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Турскиот новинар Рагип Сојлу објави видео од Анкара со натпис: „Во Анкара врне снег во средината на април“.

Метеоролозите вчера предупредија на обилни врнежи и бурни ветрови.

Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради неочекуваните временски услови.

Според неговата објава на социјалните мрежи, прогнозите покажуваат дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можни акумулации и до 15 сантиметри во некои делови од градот. Најавени се и удари на ветер од 40 до 60 километри на час.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Објавено пред

Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата во текот на ноќта, при што беа повредени најмалку 12 лица, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Две жени се повредени во главниот град, каде што дроновите предизвикаа пожар во магацин и оштетија станбени згради, соопшти градската воена управа на Киев.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 85 од 145 беспилотни летала лансирани од Русија во нејзиниот напад во текот на ноќта. Се додава дека 49 други не успеале да ги постигнат своите цели, најверојатно, поради контрамерки од електронско војување.

Воздухопловните сили не разјаснија што се случило со преостанатите 11 беспилотни летала.

Во нападот во текот на ноќта беа повредени и 10 лица во јужниот град Миколаев, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.

Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда, додаде тој.

Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија6 часа

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија9 часа

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија9 часа

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија10 часа

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца...

Македонија11 часа

Поранешни министри и директори меѓу новоосомничените за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана...

Македонија12 часа

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет13 часа

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија13 часа

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија15 часа

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....

Свет15 часа

(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија1 ден

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија1 ден

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија2 дена

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион2 дена

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...