Европа
Оланд: Европа да биде подготвена да му се спротивстави на Трамп

Францускиот претседател Франсоа Оланд во четвртокот изјавила дека на Европа и треба силна и јасна безбедносна и економска стратегија кога Доналд Трамп ќе ја превземе функцијата претседател на САД, поради загриженоста дека неговата победа уште повеќе ќе ги засили популистите кои сакаат распад на ЕУ, пренесуваат светските агенции.
Според Оланд, изборната победа на Трамп ги обврзува „Европејците да бидат јасни и способни за да се соочат со предизвиците кои им претстојат“. Оланд, кој го поддржа демократскиот кандидат Хилари Клинтон, изјавил дека европските земји треба да бидат подготвени да им се спротивстават на републиканците, доколку тоа биде потребно.
„Европа сака да биде со САД, но исто така мора да биде во позиција самостојно да одлучува“, навел Оланд по состанокот со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен во Париз.
Водечки кандидат на претстојните претседателски избори во Франција, Марин Ле Пен, која се залага за прекинување на односите со ЕУ, ја поздравила победата на Трамп, наведувајќи дека со тоа е „сочуван стариот поредок“, јавува АР.
Данскиот премиер Расмусен, пак, по состанокот со Оланд порачал дека ЕУ треба да биде поодлучна по одлуката на Британија за излез од Унијата, како и да изгради појасна безбедносна политика и политика кон мигрантите./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на следната рунда разговори во Ватикан, со цел да се обиде да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Откако ја виде потврдата од Светиот Отец за неговата подготвеност да биде домаќин на следните разговори меѓу страните во Ватикан, премиерката рече дека изразува длабока благодарност до папата Лав XIV за неговата континуирана посветеност на мирот.
Во посебна изјава, италијанската премиерка рече дека разговарала за следните чекори со други европски лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Беше договорено да се одржи тесна координација меѓу партнерите со цел нова рунда преговори насочени кон прекин на огнот и мировен договор во Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Автобус полн со деца удри во камион во Италија: камерите го снимија судирот

Автобус што превезувал ученици удрил во камион на автопатот Педемонтана, во областа Комо. Камерите на автопатот го снимија судирот, при што возачот на автобусот не закочи, туку удри во камионот пред него. 43-годишна наставничка починала на самото место, а две деца биле повредени.
Камерите инсталирани по должината на автопатот ја снимија несреќата што се случи попладнето во понеделникот, 19 мај, непосредно пред тунел. Автобусот, кој превезувал 30 лица, од непознати причини удрил во камионот пред него.
Во судирот потоа учествувале уште четири возила, кои се движеле во иста насока. Во несреќата беа повредени 27 деца на возраст меѓу 6 и 9 години, кои биле во автобусот, двајца наставници (од кои едниот починал на самото место) и возачот на автобусот. Возачот на камионот, кој бил прв во редот, остана неповреден.
На видео објавено од „Кориере дела сера“ може да се види бел автобус како вози со голема брзина по десната лента од автопатот кога околу 16.30 часот, наместо да закочи, удира во камион пред него. Судирот бил силен и предизвикал облак од прашина, што дополнително ја намалил видливоста на возилата што доаѓаат од спротивната насока.
Автобусот превезувал 27 ученици од прво и четврто одделение од основно училиште. Децата се враќале дома од екскурзија, придружувани од две наставнички. Едната од нив, 43-годишна, седела во првите редови и била заробена во возилото. Пожарникарите ја извлекле, но таа веќе била мртва.
Европа
Сите мобилни оператори престанаа да работат: хаос во Шпанија, по прекинот на електричната енергија, повторно проблем

Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат во цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија во целата земја.
Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата, како што се „Мовистар“, „Оринџ“, „Водафон“, „Дигимобил“ и „О2“, пишува „Метро“.
Според веб-страницата на „Даундетектор“, проблемите почнале околу 5 часот утрово.
Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови, како Мадрид, Малага, Барселона, Валенсија, Мурсија, Севилја и Билбао.
Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот. Исто така, беа погодени и 112 линии за итни случаи.
Подрачјата на Баскија, Арагон и Валенсија беа исто така погодени.
Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на обновување на услугите откога телефонските и интернет-врските беа прекинати. Во меѓувреме, телефонските линии за итни случаи се обновени во Арагон, но проблемите продолжуваат во другите делови од земјата. Според весникот „Ел Корео“, биле извршени некои работи за подобрување на мрежата, што влијаеле на одредени услуги.
Луѓето се жалат на социјалните мрежи за прекинот.
Пред четири недели во Шпанија иво Португалија се создаде паника и масовни купувања кога голем прекин на електричната енергија парализира големи делови од двете земји. Речиси 50 милиони луѓе беа погодени, метрото и возовите беа стопирани, а семафорите не работеа.
Телефонските услуги исто така беа во прекин, а банкоматите не работеа.