Контакт

Книги

Несекојдневна промоција на книгата „Љубавина“ од Ѓоко Здравески

Објавено пред

На несекојдневен начин – своевиден перформанс, концерт на музиката и љубовта, во средата во познатото скопско кафуле „Менада“ во рамките на фестивалот на европска книжевност „BookStar“, се одржа промоцијата на книгата „Љубавина“од Ѓоко Здравески.

dobivaj vesti na viber

Ѓоко Здравески (1985) е роден во Скопје , а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Пишува поезија и кратка проза.

Поетската збирка „Љубавина“ претставува збирка љубовна поезија, песни кои се распоредени во три циклуса во кои се зборува за љубовта, и тоа онаа чистата, духовната, прочистената од страсти, бестелесната, за којашто во продолжение разговаравме со авторот.

Вашата поезија е претежно љубовна, вашата збирка е насловена „Љубавина“ дали е тоа кованица од љубов и убавина?
– Да, љубавина е неологизам од љубов и убавина, збор што се појавува во една од песните, беше дилемата да биде љубовина, што би била некаква срж на љубовта, или да биде љубавина, се одлучив за љубавина..

Вашата поезија е љубовна и тоа онаа бестелесната, љубовта како начин да се спознае светот, како начин на постоење, љубовта како смисла на постоењето..
-Кога зборуваме за љубов, главно мислиме на оној пакет што ни го даваат како готов производ во нашето западно мејнстрим општество…
Во оваа книга кога зборувам за љубовта, зборувам за љубовта како ниво на свест, како за прочистена свест, во која светот и стварноста се гледаат јасно, онакви какви што се, ослободени од страсти, љубовта како состојба на свест ослободена од сé останато, гнев, страст, повеќе во филозофска смисла, не љубовта во смисла св. Валентајн, подарочиња..

Колку време работевте на оваа збирка?
– Оваа збирка излезе набрзина, не работам јас реално на моите книги, тие доаѓаат самите, оваа дојде во меѓувреме, меѓу две збирки, не ни планирав, така ме навеа животот, се случија некои работи од кои излезе оваа книга..

Како опстојува поетот во ова наше современо живеење, дали материјалноста на животот ја потиснува љубовта и поезијата од нашите животи и како се справувате со прагмата?
– Имав досега среќа да имам работа што ми даваше некакви приходи за живот, а поезијата ми е чисто од љубов, тоа ми е она што го живеам, а заработувам на други места, заработувам со прагмата, а поезијата е она што го живеам…/крај/мф/св

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Го тепал со метална шипка, раце и нозе речиси половина час, па го оставил да искрвари на скали: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија1 час

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија2 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ2 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија2 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа3 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија, предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа4 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет4 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион5 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет6 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа6 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија18 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ20 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија22 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија24 часа

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија1 ден

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија1 ден

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија1 ден

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ1 ден

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија1 ден

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...