Црна хроника
Експлодирала плинска боца во куќа во Скопје, едно лице повредено
Едно лице е повредено при експлозија на плинска боца во куќа во скопското село Волково.
Пожарот избувнал во четртокот во 9.30 часот во една од собите на горниот кат од куќата на улица „70“.
Експлозијата се случила поради вклучена греалка во чија близина имало плинска боца од три литри од која истекувал плин. Во обид да го изгасне огнот шеесетгодишен скопјанец се здобил со изгореници од прв и втор степен во пределот на главата и двете раце.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на пластична хирургија при Ургентен центар Скопје, каде бил задржан за следење на здравствената состојба.
За време на експлозијата на долниот кат биле снаата и внуката кои не биле повредени. Од пожарот целосно била оштетена само една соба во која изгорел инвентарот, како и носечка дрвена конструкција од покривот. Увид бил извршен од екипа на ЕНК-ОКСД и ЕУМНА./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.