Култура
Разговор со Влатко Галевски по скопската премиера на „Дневникот на машиновозачот“

„Дневникот на машиновозачот’ од српскиот режисер Милош Радовиќ во четвртокот го отвори 15-то издание фестивал на европски филм „Синедејс“. Филмот е добитник на наградата од публика на фестивалот во Москва, а на скопската проекција присуствуваше и главниот актер Лазар Ристовски, кој се поклони пред скопската публика.
Филмот е српски кандидат за Оскар, номиниран од Српската академија на науките и уметностите. По проекцијата разговаравме со филмскиот критичар Влатко Галевски а во продолжение ви го предаваме разговорот:
Kако ја доживеавте вечерашната премиера?
Бидејќи ја знам приказната, која е вистинска приказна и го гледав пред добри десет години, има снимено документарен филм на оваа тема и искрено бидејќи не се интересирав што всушност, која е промената во приказната, ќе израдува тоа што свртеле, режисерот и целата екипа на хумор, бидејќи темата е бизарна и успеале да најдат начин, како да го омекнат тоа, иако овие податоци за толку убиени веројатно не се, меѓутоа без разлика добро е што жанровски е разлишен од една морбидна приказна. Кога се зборува за овој начин на убивање на луѓе, прифаќам дека е навистина непристоен хумор.
Како ви се допадна глумата на Лазар Ристовски?
Лазар Ристовски е навистина големо име на овие простори, на Балканот, во Србија, па и кај нас.. Јас имав убава прилика да бидам летово со него во Охрид, на еден друг фестивал и да разговарам со него. Еве да откријам една тајна – дека во наредниот филм на Антонио Митриќевски ќе глуми Лазар Ристовски, ќе го глуми цар Самоил, така што разговаравме на таа тема и драго ми е да се гледаме, Лазар е ѕвезда секаде е радо виден…
Филмот е номиниран за Оскар..
Има една универзална приказна, не е само за Србија, што значи дека може лесно да комуницира со која било филмска средина, хуморот е пристапен, достапен за секој што може да го разбере, некои типични локални моменти, но има една димензија универзална, така да ќе биде прифатен и од поширока публика./крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.