Македонија
Во ДИК кандидатските листи за пратеници поднесоа и СДСМ, ДПА и ДУИ
Најголемата опозициска коалиција предводена од СДСМ, владејачката албанска партија ДУИ и албанската опозициска партија ДПА, во петокот ноќта до 22 часот ги доставија во Државната изборна комисија (ДИК) листите со кандидати за пратеници во шесте изборни едници за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
„Toa e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и којашто е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата“, рече за медиумите Стевица Јосифовски, претседател на службата за правда во СДСМ.
Како што беше објавено минатата недела, во првата изборна единица носител на листата на коалицијата предводена од СДСМ ќе биде поранешнито претседателски кандидат Стево Пендаровски, во втората носителе е Оливер Спасовски, во третата изборна единици е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шеќеринска е носителка на листата во петтата изборна единиц, а додека портпаролот Петре Шилегов ја предводи кандидатската листа во шестата избпорна единица.
Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) едногласно во четвртокот го одобри предлог на Централното претседателството на листата на кандидати за пратеници со имињата на носителите.
Така, според одлуката лидерот на партијата Али Ахмети ќе биде носите на кандидатската листа во шетата изборна единица, Артан Груби во првата, Ејуп Халими во втората, Нафи Дурмиши во третата, Артин Спахиу во четвртата, Агим Шаќири во петтата и Џевдет Спахиу во седмата изборна единица.
Централното собрание на опозицската Демократска партија на Албанците (ДПА) пред речиси две седмици донесе одлука со којашто ги утврди листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Челникот Мендух Тачи поворно е носител на листата во „домашната“ шеста изборна единица, а носител на листата за пратеници во изборната единица 1 е Идриз Орана, во изборната единица 2 Орхан Браими, во изборната единици 3 Сами Рушити, во изборната единица 4 ДПА нема да учествува на изборите со свои кандидати за пратеници, во изборната единица 5 носител е Сами Рушити.
Новата опозициска партија Левица, која исто така, во петокот вечерта ги достави своите кандидатски листи соопшти дека ќе кандидира во пет изборни единици. „Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори“, рече за новинарите, Здравко Савевски од Левица по поднесувањето на листите.
Во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората носител е Трајче Стојанов, во третата носителка е Марија Џонс, во четвртата е Митко Николов, а еден од лидерите на Левица, Здравко Савески носител на кандидатската листа во петтата изборна единици.
До Државната изборна комисија (ДИК) до 20 часот во петокот вечерта кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднеле партиите ПДП, ЛП, и Коалицијата за промени и правда./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДОМ: Дислокација на цементарницата Усје преку јавно-приватно партнерство
Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен урбан трансфер“ како стратешко решение за дислокација на цементарницата, без никакви трошоци за државниот буџет, се наведува во соопштението на партијата.
Според ДОМ, досегашните тврдења дека дислокацијата на цементарницата е „невозможна мисија“ се резултат на застарени економски пристапи. Партијата посочува дека во светот веќе со години се применуваат модели со кои тешките индустриски зони се трансформираат во нови, еколошки урбани четврти, без директно оптоварување на државните финансии.
Клучот на предложениот модел е принципот „вредност на земјиштето наместо државен буџет“. Наместо државата да ја финансира дислокацијата, се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска зона (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со ваквата одлука, вредноста на парцелата значително се зголемува, а инвеститорот, односно сопственикот, добива можност да развие модерен „Smart City“ комплекс. Приходите од продажбата на недвижностите, според ДОМ, би се користеле за изградба на нова, целосно еколошка фабрика на соодветна, подалечна локација.
Бидејќи процесот на дислокација може да трае од пет до седум години, од ДОМ бараат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да воведат преоден режим во А-интегрираната дозвола, со најстроги еколошки стандарди. Меѓу барањата се итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички PM10 и PM2.5, како и системи за десулфуризација и денитрификација за намалување на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.
Партијата предлага и задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен и вреќасти филтри, со цел целосна неутрализација на диоксините и фураните, нагласувајќи дека на тој начин ќе се спречи испуштање канцерогени материи во воздухот за време на транзицискиот период. Дополнително, ДОМ бара 24-часовен јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците би се емитувале во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода.
Во соопштението се осврнуваат и на решавањето на еколошкиот товар од ОХИС и Пеленица, при што се предлага чистењето на линданот да се финансира преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели. Според ДОМ, приватен партнер би можел да добие право на стопанисување со исчистениот простор, во замена за целосна ремедијација на почвата.
Од партијата порачуваат дека Скопје заслужува чист воздух, а индустријата треба да се развива надвор од градското јадро. Со моделот „Зелен урбан трансфер“, како што наведуваат, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните – подобри услови за живот. Истовремено, преку новиот Генерален урбанистички план, градот би го насочил своето стратешко ширење кон нова, еколошки уредена четврт, додека би се намалил притисокот од прекумерна урбанизација и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје.
Македонија
Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.
-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.
Македонија
Минималната плата не го покрива ни основното преживување, велат од СДСМ
Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.
„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.
Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.
Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.
„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.
Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.
СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.

