Македонија
„Македонија вечна“ во Њујорк тајмс
Прилог за првиот спот “Македонија вечна” во режија на Милчо Манчевски е објавен во најреспектираниот меинстрим туристички медиум
Прилог за првиот спот “Македонија вечна” во режија на Милчо Манчевски е објавен во најреспектираниот меинстрим туристички медиум – во додатокот за патување на весникот “Њујорк тајмс”.
Прилогот зборува за снимањето на самиот спот и под наслов “Зошто патуваме” цитира изјави од Вил Розентал, њујорчанец кој го посетил снимањето на Милчо Манчевски.
Розентал вели за Македонија дека е фасцинантна култура. “Се чини дека секоја важна цивилизација оставила трага тука. Ова е многу повозбудливо од Западна Европа. Богато е, комплицирано и поседува вистинска груба убавина”.
“Њујорк тајмс” ја третира Македонија како новооткриена дестинација за туристички патувања, и на прилогот му посветува огромен простор – повеќе од половина страна од големиот вечерен формат на весникот, во неделното печатено издание.
Ова е еден од богатите дополнителни ефекти на спотот “Македонија вечна”. Пролетва реномираниот туристички водич “Брад” објави мошне афирмативен текст за Македонија и за спотот нарекувајќи го “Величествената реклама која конечно ја поставува Македонија како рамноправна меѓу многуте други одлични реклами за топ туристички дестинации”.
Минатиот месец спотот освои награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал на туристички филмови и спотови во Полска./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сонце, од утре снег
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од -7 до 1, а максималните од 1 до 9 степени целзиусови.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска ќе има само преодно стабилизирање на времето.
„Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе има понекаде и во пониските места“, велат од УХМР
Македонија
Мицкоски-Куртулмуш: Интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.
– Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, објави Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија. На настанот присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.
Министерот Тошковски во своето обраќање истакна дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.
„Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко.
Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани.“, подвлече министерот Тоошковски.
Тошковски го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.