Македонија
Владимир Стојаноски предложен за Уставен судија
Судскиот совет на Република Македонија во средатаодржа итна седница на која за судија на уставен суд го предложи судијата од Врховен Владимир Стојаноски. Едногласно со 13 гласа беше изгласан како предлог на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски
Собранието треба утре да го стави предлогот на дневен ред и да гласа. Известување од собранието дека судскиот совет треба да достави предлог за судија на Уставен суд од редот на судиите во советот пристигнало вчера. На седницата освен Стојаноски немаше други предлози. Судијата Стојаноски има богата и активна кариера.Роден е во Битола но се школувал во Скопје За судија на Врховниот суд на Република Македонија на 2010 година. Работел прво како стручен соработник, потоа како советник и државен советник во Владата на Република Македонија во периодот од 1992-2002 година, во 2002 година во Фонд за земјоделство како пом. директор за финансиски и правни работи, во 2004 година во Министерство за земјоделство и рурален развој како пом. раководител на сектор за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и во 2006 година како Директор во Бирото за судски вештачења. За судија во Управниот суд е избран во 2007 година. Бил и член на Комисија за завршен испит на Академија за обука на судии и јавни обвинители (ноември 2008), Член на Правниот совет на Владата на Република Македонија (јуни 2001) и на други комисии. Доколку биде избран тој ќе седне на местото на Трендафил Ивановски кој е разрешен од функцијата судија во уставен суд бидејќи беше објавено дека е соработник со тајни служби. Ивановски одлуката на Комисијата за лустрација ја обжали но Управниот и Врховниот суд одлуката дека тој бил кодош ја потврдија со што Ивановски не смее повеќе да биде судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

