Спорт
Ван Марвик пред продолжување на договорот со Холандија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Берт ван Марвик, изјави дека наскоро ќе го продолжи договорот со националниот сојуз.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Берт ван Марвик, изјави дека наскоро ќе го продолжи договорот со националниот сојуз. „Преговорите одат во вистинска насока. Сé уште ништо не сме потпишале, но мислам дека сé ќе биде онака како што посакуваат двете страни“, изјави Ван Марвик на тренингот на репрезентацијата, која се подготвува за пријателските натпревари со Швајцарија и Германија. Ван Марвик, по завршувањето на Европското првенство во 2008 година, на клупата на Холандија го наследи Марко ван Бастен, под негова палка Холанѓаните стигнаа до финалето на последното Светско првенство. Доколку преговорите завршат позитивно, Ван Марвик ќе биде селектор на Холандија до 2016 година. Светскиот вицепрвак утревечер во Амстердам ќе игра со Швајцарија, додека во вторник во Хамбург ќе и гостува на Германија. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.
Спорт
Керкез потпиша за Ливерпул: После ова одам во мојот роден град

Милош Керкез официјално е фудбалер на Ливерпул. Тој потпиша договор со шампионите на Англија и истакна дека едвај чека да започне авантурата на Енфилд.
Левиот бек потпиша петгодишен договор, со што го комплетираше трансферот од Борнмут во Ливерпул вреден 47 милиони евра.
– Чест и привилегија е да се игра за еден од најголемите клубови во светот и најголемиот во Англија. Навистина сум многу среќен и возбуден – рече Керкез.
Унгарскиот репрезентативец роден во Врбас ги откри своите понатамошни планови.
– После ова, си одам дома во мојот роден град, да уживам неколку дена. А потоа доаѓам да тренирам и да се подготвам за новата сезона. Едвај чекам.
Минатата сезона Керкез играше во Борнмут и на 41 натпревар постигна два гола и запиша шест асистенции.
Спорт
Луис-Скели потпиша нов договор со Арсенал

Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор.
18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона.
Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари.
Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација.
Својот прв настап за Англија го круниса со гол против Албанија.