Македонија
Презентиран план за одржлив транспорт на Скопје
Предлог-планот за одржлив транспорт на главниот град, изработен во рамки на проект на ЕУ, „Civitas Renaissance“ денеска беше презентиран пред стручната јавност во просториите на Град Скопје.
Предлог-планот за одржлив транспорт на главниот град, изработен во рамки на проект на ЕУ, „Civitas Renaissance“ денеска беше презентиран пред стручната јавност во просториите на Град Скопје.Основна цел на планот е да се дефинира визијата за идниот развој на одржливиот транспортен систем.Според професорот од техничкиот факултет од Битола Никола Крстановски потребно е да се активираат капацитетите за градење политика за одржлив транспортен систем, а планот треба да послужи при изработка на Генерален урбанистички план и Детални урбанистички планови и сообраќајна студија.Во планот предвидени се девет мерки меѓу кои се, координирано планирање на намена на земјиште и транспортниот систем, унапредување на јавниот градски патнички превоз, унапредување на велосипедски и пешачки сообраќај, управување со паркирање, мерки за смирување со сообраќајот, воведување на еко такса како мерка за одржлив урбан транспортен систем и управување на товарниот сообраќај.Крстановски смета дека постои слаба поврзаност меѓу урбанистичкото планирање и сообраќајот, а сообраќајот е директна последица на урбаниот развој.„Во Скопје градени се цели станбени зони во кои не е предвидена нова сообраќајница или цели трговски комплекси без да се понуди сообраќајно решение“ – вели Крстановски.Како пример тој го наведе трговскиот центар „Буњаковец“ или пренамената на бројни станбени објекти во продавници или обложувалници каде не е решено паркирањето.Според Крстановски во јавниот градски превоз најбитно е да се одреди категоријата на трасата по која евентуално би поминувал трамвај или метро. Стручњаците сметаат дека проблем во сообраќајот во Скопје се приградските линии, кои според нив не треба да доаѓаат до Транспортниот центар, туку да има и источен терминал.Во врска со паркирањето тимот од техничкиот факултет од Битола кој го изработи планот за одржлив транспортен систем, смета дека треба да се преиспитаат цените и политиката на паркирањето и да се обезбедат максимум паркинг места.Според нив воведувањето на еко такса во центарот на градот би го намалил сообраќајот за три до пет проценти и би го зголемило патувањето со јавен превоз.„Преку европската мрежа „Civitas“ и преку проектот „Ренесанса“ разменуваме искуства и знаења со нашите партнери во проектот, правиме промоција на одржливите концепти за мобилност, се со цел развој на нова култура на мобилност во нашите градови. Конкретно, Град Скопје своите намери ги насочува кон проекти фокусирани кон енергетската ефикасност, примена на алтернативни горива, заштита на животната средина и планирање на одржлив транспорт“ – истакна Трајановски.Според него, преку овој План се очекува да се дефинира визијата за идниот развој на одржливиот транспортен систем во Град Скопје преку предвидување иновативни стратегии и решенија за управување со сообраќајот со цел обезбедување подобри услови за живот на граѓаните. крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

