Македонија
Кривична пријава за претседателите на ФФМ и ФК „Победа“
Кривичните пријави против Х.Х-Р(59) претседател Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), А.З претседател на Пионерската фудбалска школа „Атанас Ламески“ Прилеп и Д.М претседателот на ФК „Победа“ од Прилеп, поднесе денеска МВР.
Кривичните пријави против Х.Х-Р(59) претседател Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), А.З претседател на Пионерската фудбалска школа „Атанас Ламески“ Прилеп и Д.М претседателот на ФК „Победа“ од Прилеп, поднесе денеска МВР.
Пријавите до Основното јавно обвинителство поради затајување на данок ги поднесоа Управата за финансиска полиција во соработка со МВР- Оддел за организиран криминал, УЈП и Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам поднесе кривична пријава до против тројца затајувачи на данок.
Постои сомнение дека сториле кривични дела: Злоупотреба на службената положба и овластувања, Оштетување и повластување на доверители, Даночно затајување и Фалсификување и уништување на деловни книги.
Пријавените, во периодот од 01.01.2005 до 28.02.2010, со злоупотреба и пречекорување на службената положба, прикажување на лажни факти, незаконско пренасочување на парични средства, неподнесување на годишни даночни пријави и прикажување на лажни сметки, затаиле данок од 15.467.851,50 денари (околу250.000 евра).
Исто така, пријавените се товарат дека оштетиле доверители за вкупен износ од 12.140.663,00 денари, (200.000 евра) односно направиле штета во вкупен износ од 27.608.514,50 денари (450.000 евра) .
Тројцата пријавени во периодот од 01.01.2005 до 28.02.2010 година со злоупотреба и пречекорување на службената положба т.е фалсификување на налози за плаќање, договори за цесија и изјава за компензација, во корист на Пионерската фудбалска школа „ Атанас ламески“- Прилеп, незаконски во име и за сметка на ФК„ Победа“ Прилеп реализирале парични средства добиени од УЕФА за потребите на ФФМ во вкупна износ од 23.990.003,00 денари.
Овие средства ги потрошиле за свои потреби со пренасочување кон други, за нив повластени доверители, ги избегнале обврските и ги оштетиле УЈП, Царинската управа, ЈП Македонски железници, ЈЗУ Здравствен дом Прилеп и други, кои со судски решенија ги блокирале банкарските сметки на Здружение ФК „Победа“ и Друштвото ФК„Победа“ ДООЕЛ Прилеп во износ од 12.140.663.00 денари и истите се уште не се платени.
Во период од 01.01.2005 до 31.12.2009 година пријавениот А.З со помош на пријавениот Х.Х-Р, со фалсификувани налози подигнал и исплатил парични средства во износ од 55.839.590,00 денари од банкарската сметка и благајната на школата „Атанас Камески“- Прилеп.
За подигнатите и исплатени средства не поднеле Годишни даночни пријави, во завршните пресметки пријавените прикажале лажни податоци со што затаиле данок на добивка во износ од 15.467.851.50 денари и го оштетиле буџетот на Република Македонија. /крај/ со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува, им се враќа на граѓаните со ново игралиште, велат од општина Аеродром
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.

„Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена.
Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење“, извести општина Аеродром.

По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.

„Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење – токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром“, додаваат од Општината.

Македонија
Изминатите четири дена уапсени 11 лица за безобзирно управување на возило, 1518 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 10 до 13 ноември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Македонија
Утре без вода Гинекологија Чаир и улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( сабота ) поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и објектот на гинекологија Чаир. ( општина Чаир

