Македонија
Расмусен: Потребни се храбри одлуки
Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен порача дека се потребни храбри одлуки со цел Македонија да стане членка на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен порача дека се потребни храбри одлуки со цел Македонија да стане членка на НАТО. По средбата со премиерот Никола Груевски, го повтори ставот дека е потребно решение за името со цел Македонија да стане дел од НАТО. За него постои волја за надминување на спорот со името. Премиерот Груевски побара поголема волја од грчката страна со цел надминување на проблемот и рече дека доколку досега имаше волја од нивна страна прашањето ќе беше решено. Попладнево Расмусен ќе оствари средба со Лидерите на СДСМ и ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети./крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
На прашањето дали се блокирани средствата од ИПАРД, Мицкоски одговори дека тоа не е точно, туку напротив дека е поздравена позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија.
Тој додаде дека побарал да се стопираат исплатите на парите од ИПАРД за да се види до каде одат злоупотребите.
„Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен. Кој сака нека биде“, одговори Мицкоски на новинарското прашање.
Македонија
(Видео) Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посетата на фабриката КОСТАЛ Македонија, истакна дека е задоволен што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.
„Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа.
Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу“, кажа Мицкоски.
Македонија
Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, да ги објави сите фирми со долг, како и имињата и презимињата на сите 500 вработени кои биле отпуштени од работа. Таа го повика Ѓорѓиевски на дебата.
„Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш. Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, објави Арсовска.
На „Фејсбук“ статусот на Арсовска, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна. И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски вчера објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

