Контакт

Македонија

Светската маркетинг елита доаѓа на Бизнис кафе Македонија

Објавено пред

Овој четврток со почеток од 18 часот во Нола Ланџ-Бар (нас. Капиштец) во Скопје, ќе се одржи новото, 19-то по ред, издание на водечкиот бизнис-нетворкинг настан Бизнис кафе Македонија.

dobivaj vesti na viber

Посетителите ќе имаат можност и привилегија да се дружат со некои од најистакнатите светски маркетинг и бизнис професионалци, кои во соработка со агенцијата P World, доаѓаат и како гости на Бизнис кафе Македонија.

 

Говорници на настанот ќе бидат Патрик Џефсон, основач на консултанската компанија за комуникации, репутација и протокол Jephson-Beaman LLC од Вашингтон со клиенти како Ferrari, Harrods, Министерството за одбрана на Велика Британија и др. Џефсон осум години ја извршувал и функцијата на Генерален секретар на принцезата Дајана;

 

Ќе гостува и Мери Џо Џејкоби, поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација со работно искуство во водење на компании како: BP America, Royal Dutch Shell, Lethman Brothers, HSBC и др. ;

 

Посетителите ќе имаат можност да се дружат и да го слушнат и Лазар Џамиќ, доскорашен директор на брендот за планирање на маркетинг агенцијата на Google , Google ZOO, еден од најбараните светски говорници-експерти за дигитални комуникации;

 

Ќе говори и Коста Петров, автор на повеќе најпродавани книги во Македонија и основач и директор на агенцијата P World, светски лидер во организирање на ексклузивни бизнис настани.

 

Главни покровители на 19-тото Бизнис кафе Македонија се: КД Фондови, Property Alliance – City Investment Group  и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus./крај/со/бб

Економија

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Објавено пред

„Алкалоид АД Скопје“ е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“.

dobivaj vesti na viber

На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година.

„Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности – да креираме работна средина која ги поврзува сите: од вработените до образовните институции и заедницата во која живееме и работиме.  Во основата на сето тоа се високите професионални стандарди, кои ја обликуваат корпоративната култура на нашата компанија. Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечката сила на секој наш успех“, велат од компанијата.

Од „Алкалоид“ додаваат дека остануваат посветени на грижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваат дека луѓето се најценетиот капитал на нивната компанија.

„Низ визија, иновација и поддршка продолжуваме да одржуваме највисоки етички и професионални норми и работна средина која и натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија за вработување на младите луѓе“, додаваат од „Алкалоид“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Објавено пред

Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Трипуновски информираше дека  јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што

• за првпат започнуваат со земјоделска активност;

• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство;

• и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци.

Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година

„Би сакал да напоменам дека за аплицирање на Јавниот повик за Мерката 112 се олеснети процедурите околу исполнувањето на критериумите, со кои што излегуваме во пресрет на секој еден млад кој што сака да влезе во земјоделскиот процес. Исто така ги охрабрувам да аплицираат за оваа мерка.

Целта на Министерството и на Владата е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки. Токму Мерката 112 е една од низата која што ќе им помогне на младите да се активираат и да влезат во земјоделското производство.

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна.

Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи.

Министерството ќе продолжи да работи на сет на мерки кои што ќе ги анимираат младите да се вклучат во процесот на производство на квалитетни земјоделски производи.

Заедно работиме да го вратиме македонското земјоделство и повторно да биде едно од најзначајните гранки“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Интерес за батерии – се бара спас за струјата произведена од фотоволтаици

Објавено пред

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.

Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари отиде во Турција каде ги посети пациентите од трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од...

Македонија4 часа

Премиерот уверува дека Владата е стабилна и силна

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која...

Македонија6 часа

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен...

Свет7 часа

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили...

Македонија8 часа

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор...

Свет9 часа

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан....

Свет10 часа

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе...

Македонија1 ден

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија....

Свет1 ден

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија1 ден

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет1 ден

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциско пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...

Македонија1 ден

СДСМ бара оставка од Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ им враќа со скандалозни факти

По вооружената пресметка кај Бит Пазар во која животот го загуби 31-годишен маж, СДСМ обвини за распад на безбедносниот систем...

Скопје1 ден

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит Пазар

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од...

Свет1 ден

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск,...

Македонија1 ден

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во...

Свет1 ден

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува...

Македонија1 ден

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, во текот на...

Европа2 дена

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија2 дена

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа2 дена

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...