Скопје
Трајановски најави сообраќајно поврзување на Кисела Вода и Аеродром
– Градоначалникот Коце Трајановски заминува од настанот
Пробивање улица што ќе ги поврзува булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода во Скопје, со „Трета Македонска бригада“ во Аеродром и „Никола Карев“ пред Железничката станица, најави градоначалникот Коце Трајановски на почетокот на изградбата на скопската „Флетајрон“ зграда на „Адора инженеринг“.
Пробивање улица што ќе ги поврзува булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода во Скопје, со „Трета Македонска бригада“ во Аеродром и „Никола Карев“ пред Железничката станица, најави градоначалникот Коце Трајановски на почетокот на изградбата на скопската „Флетајрон“ зграда на „Адора инженеринг“.
Градоначалникот Трајановски призна дека околината на новата зграда во изградба на местото на поранешната сапунарница „Цветан Димов“ не е добра и дека за пристоен живот на нејзините станари ќе треба да се подобри сообраќајната инфраструктура. „Оваа година ќе биде распишан тендер за „Есенинова“, тоа доаѓа од „Борис Трајковски“, кај семафорите, па се поврзува со „Никола Карев“ и „Трета Македонска бригада“ и овој простор тука сигурно е дека, во рамките на нашите надлежности, ќе го уредиме. Оваа зграда е една од зградите којашто има огромен капацитет и станбена и деловна површина и сигурно дека од сообрајќаен аспект ќе треба да има многу добар пристап“, рече Трајановски одговарајќи на новинарско прашање за сообраќајниот пристап до зградата чиј влез не излегува на булеварот, туку на задната страна, на неугледната уличка „Улоф Палме“.По истите `диви` пристапи секојдневно поминуваат околу 300 вработени во околните фирми, за да стигнат на своето работно место.Барањата до општината Кисела Вода, Општината Центар и градот Скопје за изградба на пристапен пат до зградите не вродија со плод, иако плановите за пробивање улица што би ги поврзувала скопска Кисела Вода и Аеродром, покрај пругата и здравствениот дом „Пролет“, се стари неколку децении. Засега единствен пристап, без да направите некој сообрајќаен прекршок е влезот кај „Електроелемент“ и тоа само доколку се движите по „Борис Трајковски“ кон Центар. Доколку доаѓате од Центар, тука не може да се сврти лево, затоа што би пресекле две полни линии.Во тој случај, останува пристапот од „Есенинова“, но штом свртите лево, улицата завршува во празен простор, зад зградата на „Илинден“, што не е ниту паркинг, туку еден вид на`див` премин. Токму по таа рута, од настанот, во петок, си замина и градоначалникот Коце Трајановски.„Ние особено ќе обрнеме внимание на овој објект, со оглед на тоа што околината околу него не е баш добра. Се она што е во наша надлежност ние ќе го направиме. Може и мал придонес и булеварот „Борис Трајковски“ којшто го направивме пред неколку години, затоа што ако ги направите главните сообраќајници во тој случај вие привлекувате и повеќе инвеститори“, рече Трајановски.Тој најави дека очекуваат повеќе инвеститори и за булеварот „Трета Македонска бригада“, да се изградат што повеќе згради како линиски центри./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




