Свет
Притворен бившиот заменик- правобранител поради злоупотреби
Бранителите на поранешниот заменик-јавен правобранител Миодраг Стевановиќ (47) и на Љубица Минчорова, архиварка во Јавното правобранителство, по завчерашното приведување, добија 30-дневен притвор за злоупотреба на службената должност и овластувања.
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Бранителите на поранешниот заменик-јавен правобранител Миодраг Стевановиќ (47) и на Љубица Минчорова, архиварка во Јавното правобранителство, по завчерашното приведување, добија 30-дневен притвор за злоупотреба на службената должност и овластувања. Нивните бранители веќе ги пишуваат жалбите околу решението за притвор. Стевановиќ е осомничен дека постапувал во предмети за кои не бил овластен, со што ја оштетил државата за 30.541.350 денари. Во сето тоа му помогнала архиварката Минчоровска.
Приведувањето и притворањето на двајцата обвинети доаѓа по поднесено барање за спроведување истрага, иницирана од Одделението за гонење сторители од областа на организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство. Според Обвинителството, Миодраг Стевановиќ, додека ја извршувал функцијата заменик-јавен правобранител за подрачјето на Скопје, ја искористил својата службена положба и овластување и ја оштетил државата за 30.541.350 денари, а на оштетените Слободан Димитриевски, Гоце Димитриевски, Даринка Тодоровска и Благоја Неделковски им нанел штета во висина од 63.345.400 денари. Вториот износ, според Обвинителството, бил прибавен за сметка на веќе осомничениот Ордан Миланоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.
Свет
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери кои ќе овозможат патниците да поминуваат низ безбедносна контрола без да ги одвојуваат течностите и електронските уреди од рачниот багаж.
Првиот сет скенери ќе почне да работи во понеделник, а до летото ќе бидат инсталирани на сите контролни пунктови.
Новата технологија, вредна 36,4 милиони евра, може да открие цврсти и течни експлозиви и автоматски ги обележува сомнителните предмети на дигиталната силуета на патникот.
Додека не заврши инсталацијата на опремата, ограничувањето од 100 милилитри по пакување течности останува на сила, но по целосната замена на опремата, патниците ќе можат да носат шишиња до два литри.
Како дел од модернизацијата, аеродромот во Цирих воведува и нови скенери за тело, кои ги заменуваат повеќето рачни претреси.
Свет
(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење
Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук.
Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30 часот по локално време. Во нападот биле користени неколку хиперсонични ракети „Зинжал“, како и десетици дронови.
Градоначалникот на Кременчук, Виталиј Малецки, соопшти дека во делови од градот има прекини на струја, вода и греење, и додаде дека екипите работат на стабилизирање на критичната инфраструктура.
Тој ги повика жителите да останат на безбедни места.
UPDATE—-More footage that has come out from tonight’s Russian strikes on Kremenchuk in the Poltava region of Ukraine. pic.twitter.com/D9wBFrEMSw
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) December 7, 2025
Засега нема информации за жртви или за обемот на материјалната штета.
Паралелно со нападот, експлозии биле пријавени и во Фастив, во Киевската област. Таму претходниот ден беше погодена главната железничка станица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тој напад го нарече „воено бесмислен“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, осум лица се повредени во нападите од 5 декември во регионите Киев, Лвов и Дњепропетровск.
Руските напади продолжуваат додека САД се обидуваат да посредуваат во напорите за запирање на војната.

