Спорт
Ал-Атијах се откажа од Дакар
Минатогодишниот победник на најпознатото и најтешкото светско рели – Релито Дакар, остана без бранителот на титулата во конкуренција на автомобилисти.
Минатогодишниот победник на најпознатото и најтешкото светско рели – Релито Дакар, остана без бранителот на титулата во конкуренција на автомобилисти. Катарецот Насер Ал-Атијах, поради технички проблеми со своето возило мораше да се откаже по деветата етапа. Ал-Атијах, оваа година на Дакар се натпреваруваше со „Хамер“, а од настапот се откажа поради проблеми со алтернаторот, дефект кој неговите механичари не успеаја да го поправат. На годинешното рели, Ал-Атијах победи на втората е седмата етапа. Деветата етапа на релито беше долга 565 километри, а се возеше од Антофагаста до Икуику. Францускиот ас, Стефан Петерхансел, човек кој има најмногу етапни победи во историјата на Дакар, е лидер во генералниот пласман кај автомобилистите. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.
Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.
„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.
Дали има што да докажува?
„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.
Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.
„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.
Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …
„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.
„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.
Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?
„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.
Спорт
Симона Халеп замина во пензија
Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да се повлече од професионалниот тенис.
Девојката од Констанца е двократна Грен слем шампионка, го Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон во 2019 година.
Во тој период таа беше најдобрата тенисерка на светот, првопласирана на ВТА листата.
Таа беше во центарот на допинг скандал кога беше суспендирана, по што следеше и нејзиниотпад.
Во моментот кога го објави своето пензионирање, таа се наоѓа на 868. место на ВТА ранг-листата.
Неодамна во интервју за романски „Golazo.ro“ најави повлекување поради тешка повреда на коленото.
Спорт
Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година
Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.
Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите четири европски селекции.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.
Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕП за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.