Спорт
Комплетирана групната фаза во ЛШ
Заврши фазата по групи во фудбалската Лига на шампиони. Во натпреварите од последното коло од Е-Х половината, фаворитите го потврдија својот пласман во осминафиналето. Милан и Челзи во натпревари кои не решаваа ништо загубија од Ајакс односно Марсеј. Карим Бензема постигна три гола во победата на Реал над Оксер, додека поради инцидентите кои ги предизвикаа гостинските навивачи дваесетина минути во прекин беше натпреварот Жилина-Спартак Москва. Група Е: Баерн Минхен-Базел 3:0, Клуж-Рома 1:1Табела: Баерн 15, Рома 10, Базел 6, Клуж 4Група Ф: Олимпик Марсеј-Челзи 1:0, Жилина-Спартак Москва 1:2Табела: Челзи 15, Марсеј 12, Спартак 9, Жилина 0Група Г:Реал Мадрид-Оксер 4:0, Милан-Ајакс 0:2Табела: Реал 16, Милан 8, Ајакс 7, Оксер 3Група Х: Арсенал-Партизан 3:1, Шахтјор-Брага 2:0Табела: Шахтјор 15, Арсенал 12, Брага 9, Партизан 0Извлекувањето на осминафиналните двојки ќе се одржи на 17 декември. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар Ервејс“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Мијатовиќ: Анчелоти нема капацитет да го извлече Реал од оваа криза
Втор пат одо почетокот на овој месец, поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал, Предраг Мијатовиќ, упати жестоки критики кон тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти.
Мијатовиќ се огласи по синоќешното бледо издание на „Енфилд“ и поразот од Ливерпул 2:0 во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Неодамна, по поразот од Милан, тој изјави дека „Анчелоти ја загубил контролата над тимот“. На таа изјава синоќа го потсетија шпанските новинари, а тој рече:
„Сè уште го мислам истото. Ситуацијата е комплицирана бидејќи има многу повредени играчи, а тоа е најлошото нешто за секој тренер. Имам чувство дека ги слуша гласовите наоколу и сака да ги задоволи сите. Кога ќе слушне „овој фудбалер не игра многу“, решава да му даде минутажа. Тоа доаѓа од неговата филозофија за разбирање на фудбалот. Кога клуб толку голем како Реал Мадрид ќе се најде во ситуација да прави компромиси, тогаш се случува она што сега се случува. Не се сите во тимот задоволни и тимот не бележи добри резултати“.
Во моментов славниот Црногорец не гледа решение за излез од кризата.
„Нема потреба да се бара виновникот и да се покажува со прст, но впечатокот е дека тренерот го испушти тимот. Жал ми е за Реал. Изгледаше како тим кој не се ни обиде да се врати во игра. Не знам дали овој тим веќе има способност да реагира и дали Анчелоти има капацитет да ја рестартира ситуацијата и повторно да ги мотивира играчите“, изјави Мијатовиќ.
Спорт
„Билд“: Лајпциг ја одреди цената за Елмас
Фудбалскиот клуб Лајпциг е подготвен во зимскиот преоден рок да го продаде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тврди еден од водечките германски медиуми,„Билд“.
Елмас од почетокот на сезоната нема никава улога во тимот на Марко Росе. Во Бундес лигата настапи на на само два натпревари, одигра вкупно 44 минути. Ова е доволен показатл дека тренерот не смета на услугите на фудбалерот за чии услуги клубот пред една година на Наполи му плати 24 милиони евра.
Инаку, Елмас нема да игра до крајот на годината поради повредата со која се здоби на натпреварот со Латвија во Скопје, во Лигата на нации.
„Билд“, во својот текст тврди дека намера на клубот е да го продаде македонскиот репрезентативец, а не да го испраќа на позајмица. Според овој извор, Лајпциг за Елмас би прифатил обесштетување од 15 милиони евра.
Наводно неколку италијански клубови покажале интерес за Елмас, а од претходно се знае дека ситуацијата со македонскиот репрезентативец внимателно ја следат турските великани Фенербахче и Галатасарај.