Спорт
Њукасл се враќа во англиската Премиер
Фудбалерите на Њукасл следната сезона повторно ќе играат во правата англиска лига, бидејќи четири кола пред крајот го обезбедија едно од првите две места во втората лига
Популарните „свраки“ го обезбедија учеството во најсилната професионална англиска лига откако во понеделник Нотингем форест и Кардиф сити одиграа без голови. Така, Њукасл на четири кола пред крајот е безбеден бидејќи сега третиот Нотингем заостанува зад него 14, а четвртиот Кардиф дури 17 бодови.Њукасл е прв со 87 бодови, четири повеќе од исто така поранешниот премиерлигаш Вест бромвич албион кој има 83 и меч повеќе.Њукасл се враќа во друштвото на најдобрите каде до лани играше 16 години без прекин, само по една година престој во втората лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Падна најстариот рекорд во брзо лизагање
Третиот ден од првата етапа од Светскиот куп во брзо лизгање донесе соборување на најстариот рекорд, во трката на 500 метри за жени, кој беше на сила точно 12 години.
Холанѓанката Фемке Кок ја помина оваа патека за 36 секунди и 09 стотинки и беше 27 стотинки побрза од Ли Санг Ква од Јужна Кореја, која го постави рекордот во 2013 година, на истата патека, која се смета за најбрза во светот.
Кок започна солидно, но 10 стотинки побавно од претходниот рекорд во првите 100 метри, па практично леташе по мразот во остатокот од трката. Оставајќи ги сите сопернички зад себе за најмалку половина секунда.
Американската ветеранка Ерин Џексон, олимписка победничка во оваа дисциплина, го освои второто место, со резултат од 36,58, додека младата Корејанка Ли На Хјун (19) го освои третото место, речиси една секунда зад победничката, 37,03.
Спорт
Кејн: Овој состав е еден од најдобрите во англиската историја
Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е еден од најдобрите во историјата на „Гордиот Албион“ и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година.
„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот тренер (Томас Тухел), а сега се радуваме на она ѓто не чека во 2026 година. Мислам дека ова е најдобриот тим што некогаш сме го имале. Кога ќе го погледнете почетниот состав и клупата, мислам дека ќе бидеме еден од фаворитите на Светското првенство. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири и е составен дел од играта“, рече Кејн по натпреварот со Албанија за британскиот ИТВ.
Фудбалерите на Англија ја победија селекцијата на Албанија со 2:0 во Тирана, во последниот натпревар од осмото коло од квалификациите за Групата К за Светското првенство.
Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи, со максимални 24 бода, со гол-разлика од 22:0.
Двата гола во победата над Албанија ги постигна 32-годишниот Кејн, кој сега има учинок од 78 гола за репрезентацијата на 112 одиграни натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Нестварно е во каква форма игра Ерлинг Халанд
Ерлинг Халанд продолжи да ги поместува границите и да ги руши сите можни рекорди.
Норвежанецот е најзаслужен за пласманот на својата репрезентација на Светското првенство, прво од 1998 година, бидејќи е убедливо најдобриот стрелец во квалификациите со дури 16 постигнати гола на осум натпревари.
Халанд веќе постигна 32 гола во сите натпреварувања за Сити и Норвешка оваа сезона, а сè уште е ноември.
Постои уште еден неверојатен факт, Халанд одигра 48 натпревари за репрезентацијата и постигна 55 гола.
Верувале или не, Халанд има ист број голови за Норвешка како и Килијан Мбапе за Франција, единствената разлика е што на Французинот му беа потребни 94 натпревари, речиси двојно повеќе од Норвежанецот.
Не е ни чудо што медиумите денес пишуваат за фактот дека Норвешка ќе биде потенцијално изненадување на Светското првенство следното лето.
Foto/ EPA

