Свет
Дождовен црв во чинија во Кремљ

Дождовен црв се нашол во чинијата со салата на гувернерот на руската област Тверска на свечен ручек во Кремљ. Ова ќе биде повод за контрола на кујната во Кремљ.
Дождовен црв се нашол во чинијата со салата на гувернерот на руската област Тверска на свечен ручек во Кремљ. Ова ќе биде повод за контрола на кујната во Кремљ.
Портпаролот на управниот одбор на рускиот претседател Виктор Хреков денеска изјави дека без оглед на апсурдноста на ситуацијата, проверката ќе биде извршена поради неквалитетната салата, која била послужена во текот на ручекот во Кремљ со претседателот на Германија, Кристијан Вулф и неговата сопруга.
Гувернерот на својот блог на социјалната мрежа твитер напишал дека нашол црв во чинијата со салата на ручекот во Кремљ. Притоа изложил низа фотографии со глистата која ползи по чинијата покрај остатокот од салатата.
„Такви работи се случуваат во Кремљ. Со говедското месо се служат живи дождовни црви“ напишал гувернерот, но потoа го избришал текстот.
Тоа сепак не го спасило од гневот на Кремљ. Помошникот претседател за надворешна политика Сергеј Прихотко го оценил текстот на гувернерот како неодговорен и глуп и изразил жалење што гувернерите не можат да бидат сменети поради тоа што се малоумни.
Тој рекол дека не верува дека салатата во Кремљ може да биде со лош квалитет. Тој потсетил дека во Кремљ често се одржуваат приеми и дека контролата на намирниците и јадењето кои се служат се проверуваат по разработен систем кој добро функционира.
Блогерите, меѓутоа, со иронија констатираа дека гувернерот ќе биде сменет не поради малоумност, туку по лошиот вид. По фотографиите се гледа дека гувернерот пред да го здогледа црвот, ја изел целата салата, констатирал еден од нив./крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.
Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана.
„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел. Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време.
Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран проектили, пред да биде укината тревогата. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитените подрачја и да останат таму до понатамошно известување.
Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.
Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.
Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици.
Свет
Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.
„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.
Свет
Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.