Скопје
Улицата ‘Тасино Чешмиче’ со нов коловоз
Жителите на улицата „Тасино Чешмиче“, кои живеат на потегот од улиците „Тодор Александров“ (порано „Салвадор Аљенде“), до „Ѓорѓи Скрижевски“, во скопската општина Центар од четвртокот добија комплетно нов коловоз кој ќе обезбеди нормално движење по улицата.
„Улицата беше доста оштетена, се работи за сериозен зафат на површина од 1.600 квадратни метри, но нема да застанеме тука. На пролет продолжуваме со реконструкција на улицата ‘Ѓорѓи Скрижевски’, а потоа и ‘Рилски Конгрес’, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Градоначалникот се сретна со жителите на месноста „Тасино Чешмиче“, но и на околните улици. Нивните предлози и барања веднаш ќе се разгледаат од надлежните служби во општината. Граѓаните се посебно загрижени од нестабилноста на земјиштето поради градежната експанзија и прашуваат кој и зошто го дозволи ова?
Реконструкцијата на улицата „Тасино Чешмиче“, како што рече Жерновски, е дел од амбициозниот проект „Работно Лето 2015“. Дупките, нервозните возачи и небезбедното возење се минато на улицата „Орце Николов“, додаде појаснувајќи дека таа е сега комплетно реконструирана, со нивелирани шахти и средени рабници.
Жерновски истакна и дека првпат по 40 години, во општина Центар се гради детска градинка., и тоа со сопствени буџетски средства. Со тоа децата од оваа општина ќе добијат нов, најсовремен објект, односно градинката „Кочо Рацин“. Во тек е реконструкцијата и на градинката „13-ти Ноември“, посочи градоначалникто.
Жерновски додаде пред граѓаните и дека се градат пјацети и паркови, се сади зеленило, три згради ќе добијат енергетски-ефикасни фасади, се реконструираат водоводи и атмосферска канализација, а нов асфлат, нивелирани шахти и сливници ќе се постават на улицата „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

