Македонија
Космофон со промотивна понуда од 0 денари во мрежата
Мобилниот оператор Космофон денеска промовираше нова понуда, со која корисниците ќе може да зборуваат за 0 денари со корисниците на Космофон
Мобилниот оператор Космофон денеска промовираше нова понуда, со која корисниците ќе може да зборуваат за 0 денари со корисниците на мобилната и фиксна телефонија на Космофон.
Со новата промоција при- пејд и пост-пејд корисниците на мобилната телефонија имаат можност секој ден да зборуваат за 0 денари/минута со сите COSMOFON мобилни и АLLО фиксни корисници, цел месец со претплата од само 200 денари.
За при пејд корисниците, тарифата од 0 денари/минута важи 30 дена од денот на активација на промоцијата, додека за пост пејд корисниците периодот на важност на промоцијата е врзан со календарските месеци.
Цената на воспоставување на повик изнесува еден денар. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Ѓорѓиевски: Реконструктивни активности за современи услови за учениците од село Драчево
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, каде што се изведува целосна реконструкција на тоалетите и санација на фискултурната сала. Со оваа реконструкција, целосно се обновуваат тоалетите за учениците. Ќе бидат заменети сите санитарни елементи, поставени нови подни и ѕидни плочки, нови врати и нов плафон. Проектот, вреден 1.000.000 денари, е финансиран од Министерството за образование и наука. Во рамки на проектот за санација на фискултурната сала, се обновува подот и ќе се заменат прозорците. За оваа намена Општина Кисела Вода издвои 750.000 денари од својот буџет. Реконструираните тоалети ќе се користат во стариот училишен објект додека тој е во функција. Но, уште поголема промена носи изградбата на нова, современа училишна зграда, што веќе е во тек. Овој нов објект ќе овозможи модерни услови за учениците, додека стариот објект, кој повеќе од 100 години има историско и културно значење за жителите, ќе се зачува и ќе добие музејска функција.
„Вложувањето во образованието е еден од најважните приоритети на Општина Кисела Вода. Наша цел е да создадеме современи и стимулативни услови за сите ученици. Тоалетите, кои ги обновуваме со цел да бидат функционални додека се користи овој училишен објект, ќе им служат на учениците се до изградбата на новата училишна зграда, која ќе донесе еден нов почеток за идните генерации, а истовремено ќе го сочуваме и богатото културно наследство што го претставува стариот објект. Паралелно, како општина, вложивме 750.000 денари од сопствениот буџет за санација на подот и прозорците во фискултурната сала, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на часовите по физичко образование. Вложувањето во училиштата е вложување во иднината на нашите деца и тоа е насока која јас како градоначалник ќе продолжам да ја следам и во периодот што е пред нас- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанец кој се борел на руска страна на фронтот во Украина
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра. По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23.09.2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина.
На 09.12.2024 бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
Скопје
АХВ: Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење.
Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.
Хиперхлорирање, утврдено е со контролата на АХВ во јавното претпријатие, не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводна мрежа.