Контакт

Скопје

Екипи на црвениот крст и денеска на градските улици

Објавено пред

Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери  на Црвениот крст на град Скопје и во четврток ќе патролираат низ улиците во Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња  со вода на минувачите.
 

dobivaj vesti na viber

Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери  на Црвениот крст на град Скопје и во четврток ќе патролираат низ улиците во Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња  со вода на минувачите.

 

Веќе неколку години Црвениот крст на град Скопје активно се вклучуваат со превентивни  и теренски активности во насока на заштита на населението од топлотниот бран кој ја зафаќа нашата земја во летниот период. Активностите се координирани со Црвениот крст, Министерството за здравство и Градот Скопје и Центарот за управување со кризи. Активностите на тимовите на Црвениот крст на град Скопје беа поделени во два дела- теренски активности и дежурства на СОС линијата. Во рамките на теренските активности, обучени волонтери и лекар, со возила на Црвениот крст патролираа по најфрекфентните локации во нашиот град, делеа вода и флаери за граѓаните со совети како да се заштитиме од топлотниот бран. Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на  крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени потешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и хронично болни кои побараа помош од екипите на Црвениот крст. За активностите во овој  период, ангажирани беа 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и  пет возила од кои три ќе патролираат низ градот, а  две за време на викенди ќе бидат  дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.Тимот за спасување на планина  при Црвен крст на град Скопје, како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и појава на пожари на отворено. Волонтерите од  тимот, преку делење  пропаганден материјал во овој временски период се обидуват да влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели, а во соработка со Шумска полиција, и ЈП „Паркови и зеленило”, од 01.06. до 31.08.2015 година ќе бидат активни во давање совети  на граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.Дваесет тимови на волонтери од Тимот за одговор при катастрофи  во текот на јуни и јули  на територијата на град Скопје досега  поделиле 7.000 шишиња со вода, односно 3.500 литри вода. За помош се обратиле 70 лица од кои четири  лица се пренесени до нивните живеалишта.Во рамките на Здравствениот акционен план за топлотни бранови, кој е на ниво на Министерството за здравство, веќе неколку години функционира СОС ЛИНИЈА за топлотни бранови, чија главна цел е да дава информативни совети во однос на превенирање на здравствени последици кои може да јавуваат како последица од високите температури. Истата функционира на рамките на Црвениот крст на РМ-Црвен крст на град Скопје. На линијата секој работен ден од 10 до 18 часот има дежурни волонтери, кои поминаа обука за давање совети и корисни информации на граѓаните поврзани со превенција од евентуални несакани последици по здравјето, како и превентивни совети. Телефонот на кој може да се обратат граѓаните секој работен ден е 02 32 21 902, а истиот функционира од 16.06.2014 година./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Објавено пред

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуцијата на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„При техничка контрола во станбена зграда, која граничи со хотел на улицата Луј Пастер, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.

Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.

Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.

Случајот е документиран и за него е поднесена пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, се додава во објавата од Електродистрибуцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во негов личен профит. Фирмата Аполо инженеринг позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила земјиште во населба Влае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Но, не станува збор за обична парцела, една од тие парцели е дел од улицата Есперанто која се наоѓа веднаш пред Кино Влае. Значи дел од јавна улица наменета за сите граѓани станала приватен имот. Нешто што треба да биде општинска инфраструктура е продадено поради личен интерес.

„Аполо инженеринг“ доставила два геодетски елаборати во 2016 година и 2017 година. И двата елаборати се направени по донесувањето на Деталниот урбанистички план. Токму тој ДУП, кој го потпишал самиот Јакимовски предвидува висококатница на местото каде што подоцна фирмата добива имот.

Оттука, јасно е дека планот е направен така што да и овозможи на „Аполо инженеринг“ да добие земјиште, вклучувајќи дел од улица.

За оваа приватизација „Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен, или околу 3500 евра вкупно, сума која е смешна, затоа што е многу пониска од реалната пазарна вредност на земјиште во Влае.

Неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски, кој е сопственик на истата фирма. Алчноста на Јакимовски не престанува. Замислете, фирмата ја добила парцелата по ниска цена, па потоа си ја препродала сама на својот сопственик за 2.950.000 денари.

Ова е класичен пример за фиктивна зделка, каде јавниот интерес станува приватен.

Јакимовски ја претвори општината во приватна компанија, Карпош за него е само лична фирма од која добива профит, граѓаните се заборавени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ДИК: Без неправилности помина денешното гласање на болните и затворениците, гласовите ќе се бројат утре

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Топ9 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава10 часа

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија12 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија12 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија14 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион14 часа

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет15 часа

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет15 часа

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет1 ден

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија1 ден

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија1 ден

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија1 ден

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија2 дена

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија2 дена

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија2 дена

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ2 дена

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија2 дена

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија2 дена

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет2 дена

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...