Свет
Тајноста на банкарските сметки во Македонија како швајцарско сирење
Банкарските сметки во Македонија, и тоа пред се на функционерите и
политичарите станаа инструмент за обелоденување на корупциски скандали, подмитување,
но и начин преку следење на трансакции да се открие некој што се крие надвор од
државата.
КОЈ СЕ МОЖЕ ДА ЅИРНЕ ВО БАНКАРСКИТЕ СМЕТКИ?
Банкарските сметки во Македонија, и тоа пред се на функционерите и
политичарите станаа инструмент за обелоденување на корупциски скандали, подмитување,
но и начин преку следење на трансакции да се открие некој што се крие надвор од
државата. Доволна потврда за тоа е случајот со поранешниот министер Бесник
Фетаи, кој беше уапсен во Хрватска со следење на трансакциите на неговата
„виза“ картичка издадена од Стопанска банка. И последните обвинувања за
докторот Сашко Кедев, преку јавно презентираните сомневања од СДСМ, се
однесуваа на неколку трансакции во Стопанска и Тутунска банка од фармацевтска
куќа за патувања на конгреси.
Прашањето за банкарска тајна е регулирано и во новиот предлог закон за банки.
Во него се вели дека документите, податоците и информациите кои се стекнати при
вршење на банкарски и други финансиски активности за поединечни лица и
трансакции со поединечни лица, како и за депозитите на поединечни лица
претставуваат банкарска тајна која банката е должна да ја заштити и чува.
„Лицата со посебни права и одговорности, акционерите и вработените во банката,
како и лицата што преку давање услуги на банката имаат пристап до документи, податоци
и информации се обврзани да ги чуваат, можатда ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат
на трети лица”.
Познатиот скопски адвокат Александар Тортевски вели дека во Македонија постои
институтот банкарска тајна, меѓутоа не толку ригидна како што е на пример
случајот со Швајцарија. Тој вели дека во Македонија, истражните органи и досега
ја користеле можноста врз база на одредени сознанија да побараат судски налог
за да ја проверат состојбата на одредена банкарска сметка кај лице осомничено
за одредено дело или пак да побараат увид во патот на парите од една на друга
сметка.
– Доколку се открие дека во банката има инсајдер што би издавал информации за
сметката на одреден клиент, тоа е лоша порака за останатите клиенти што ќе ја
изгубат довербата во банката. Сепак, обвинителите кај нас не покренуваат
постапки против некој што открил податоци од нечија банкарска сметка. Според
регулативата во банките, веројатно службеник што би открил вакви податоци би
можел да одговара за откривање деловна тајна – вели Тортевски.
Љубица Рубен, правен експерт вели дека банките не смеат да откриваат податоци
од сметки на физичките и правните лица без нивна дозвола.
– Тоа е кривично дело злоупотреба на службена должност. Таман работа, кој што
сака да може да увиди со колку пари располага одредено лице. Оваа постапка е
легитимна само доколку клиентот се согласи и дозволи увид во неговата банкарска
сметка – вели Рубен.
Во предлог законот се вели дека банкарските тајни можат да бидат откриени само
ако со закон е пропишано објавување на податоците и информациите и ако
коминтентот дал писмена согласност за откривање на податоците. Во текстот на
законот е наведено дека лицата со посебни права и одговорности, акционерите и
вработените во банката можат да откријат податоци ако по законски утврдени
надлежности тоа го побараат судовите, Народната банка или друг супервизорски
орган овластен со закон, Управата за јавни приходи, Дирекцијата за спречување
на перење пари, Финансиската полиција, Државниот девизен инспекторат за
контрола на девизното работење, Фондот за осигурување на депозити и ако
податоците се соопштуваат за потребите на функционирање на Кредитниот регистар
на Народната банка.
Во законот се вели дека раководните лица, вработените и акционерите кои дошле
до вакви документи, податоците и информации се обврзани да ги чуваат, можат да
ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат на
трети лица, освен во случаи и во постапка утврдена со овој или друг закон. Во
предлог-законот се наведува и дека оваа обврска продолжува и по престанокот на
работниот однос или статусот врз основа на кој е остварен пристап до
податоците, кои се сметаат за банкарска тајна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

