Македонија
Иванов: Договорот меѓу Хрватска и Словенија деблокатор на процесите
Искуството од преговорите на Хрватска за Македонија би било од голема корист, рекол претседателот Иванов на денешната средба со премиерката на Хрватска Јадранка Косор
Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија изразил благодарност за поддршката што Република Хрватска и ја дава на Република Македонија во нејзините напори за што поскорешно приклучување кон Северноатлантската алијанса и ЕУ.
Тој смета дека политичкиот дијалог, кој е континуиран и се остварува на сите нивоа, претставува голем капитал што во наредниот период треба да се зголемува, особено во сферата на економската соработка.
Традиционалната соработката и угледот кој хрватските производи го уживаат во Македонија, како и македонските во Хрватска, се одлична претпоставка за јакнење на овој сегмент од соработката меѓу двете земји, соопштуваат од кабинетот на претседателот.
Претседателот Иванов рекол дека очекува прогресот и посветеноста на Република Македонија на европската агенда ќе се потврди и на претстојниот Самит на ЕУ со одредување на датум за почеток на пристапните преговори, како силен и јасен сигнал за Македонија, но позитивен сигнал и за регионот.
Осврнувајќи се на договорот постигнат меѓу Хрватска и Словенија, со кој двете земји ја потврдија својата посветеност на европските идеали и на европската перспектива на нашиот регион, Иванов изразил надеж за надминување на блокадите на интеграциските процеси.
Косор и пред претседателот на државава ја потврди поддршката од Република Хрватска за аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО.
Таа изрази задоволство од неодамна деблокираните преговори за членство на Хрватска во ЕУ, што според нејзе претставува знак на охрабрување и поддршка за сите земји од ЈИЕ кои настојуваат да одат по тој пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.
Македонија
Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали
Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.

