Спорт
Тренерот на Партизан најави оставка

Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ, најави дека откако ќе се врати од одмор, на челните луѓе на клубот ќе им ја поднесе својата оставка, пренесува во денешното издание весникот „Блиц“.
Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ, најави дека откако ќе се врати од одмор, на челните луѓе на клубот ќе им ја поднесе својата оставка, пренесува во денешното издание весникот „Блиц“. Станојевиќ, кој со Партизан ја освои есенската титула, во српскиот шампионат, оставката ја образложи со смената на спортскиот директор на клубот, Младен Крстајиќ, кого синоќа од должноста го разреши Управниот одбор на Партизан. Според тренерот на „црно-белите“ логично е клубот да го напушти претседателот Драган Ѓуриќ, затоа што нема поддршка од ниту една структура во клубот. „Тој е претседател кој се промовира како голем навивач на Партизан и дека работи само за интересите не клубот, но не е баш така. Сите се против него. Погледнете ги само коментарите во јавноста, на интернет форумите и на стадионот. Ѓуриќ е единствен претседател на фудбалски клуб кој не оди на натпревари, кој не е на трибините заедно со навивачите“, истакна за „Блиц“ Станојевиќ. Екипата на Партизан првиот дел од сезоната во фудбалското првенство на Србија го заврши со предност од 10 бода пред Црвена звезда. крај/бл/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски ќе го пропушти „Ел Класико“

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе мора да паузира поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
Левандовски (37) се повреди во неделната победа на полската репрезентација над Латвија (2:0), во која постигна и гол.
„Левандовски има повреда на тетивата на левата бутина. Тој е надвор од теренот, а времето на неговото закрепнување ќе зависи од брзината на закрепнувањето од повредата“, се вели во соопштението на Барселона.
Не се познати многу детали за тоа колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач, но медиумите шпекулираат дека паузата ќе трае помеѓу три и шест недели.
Извесно е дека Левандовски ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Реал, закажано за 26 октомври во Мадрид.
Спорт
Уште еден Адетокунбо потпиша договор со Милвоки

Милвоки стана првиот НБА тим во историјата кој има тројца браќа под договор. Тоа се Јанис, Танасис и Алекс Адетокунбо.
Бакс официјално објавија дека потпишале договор со Алекс, кој играше за Висконсин Херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки, од 2022 до 2024 година.
Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот кадар, туку е одредена отстапка направена кон најдобриот играч, 30-годишниот Јанис, за кој се вели дека наскоро ќе може да го напушти Милвоки.
Уште во 2013 година, Милвоки го избра Јанис како 15-ти пик на драфтот, а за грчкиот супер стар, Баксе сè уште се единствениот клуб во неговата НБА кариера. Со Милвоки, тој освои две титули за најкорисен играч и ја освои титулата во НБА во 2021 година.
Сепак, во последните години, Бакс редовно беа елиминирани во првото коло од плејофот на Источната конференција. Ова, како што тврдат медиумите го тера Јанис да размислува за преселба во некој друг клуб.
24-годишниот Алекс ја започна својата професионална кариера во Мурсија, а во последната година член на Будуќности од Подгорица, ПАОК и Арис. Најстариот брат, 33-годишниот Танасис, е член на Милвоки од 2019 година.
Спорт
(Видео) Контроверзениот судија Дејвид Кут прогласен за виновен за детска порнографија

Животната траекторија на поранешниот англиски судија Дејвид Кут во период од помалку од една година е вредна за проучување. Синот на поранешниот англиски крикет играч е соочен со нерешливи проблеми.
Се започна со изјавата дека поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, е „арогантна германска п..ка“, по што тој „објави“ и видео во кое шмрка бел прав, за што беше суспендиран од Премиер лигата, потоа од УЕФА, а на крајот изјави дека е хомосексуалец со надеж дека ќе се извлече од овие скандали.
Сепак, во септември се појави информација дека тој е под истрага за многу посериозно и пострашно дело од споменатите, вклучително и обиди за местење натпревари. Под истрага е за делото „случајно видео од дете од категорија А“.
Овој термин во англиската правда значи најсериозно кривично дело од ваков вид кое „вклучува малолетни деца кои се силувани или сексуално злоупотребени од возрасни“.
Кут беше обвинет на Судот за прекршоци во Нотингем, а во вторникот сите британски медиуми објавија дека 43-годишникот е виновен, односно законски осуден, за ужасното видео направено на 2 јануари 2022 година.
Кут се појави на суд. Сè што кажа беше неговото име, презиме и признание на вината.
Англискиот закон пропишува шестгодишна казна за производство и продукција на детска порнографија од „Категорија А“, три години за дистрибуција и една година затвор за поседување.
Кут е условно ослободен, но ќе мора да се појави на суд на 11 декември, кога ќе се утврди должината на неговата затворска казна.