Спорт
Спортските клубови стануваат акционерски друштва
Унапредување и професионализација на спортот, трансформација на клубовите во акционерски друштва и професионални спортски клубови се предвидени со измените на Законот за спорт, усвоени на владината седница, соопшти на прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов
Како што рече директорот на АСМ, Диме Спасов, измените се однесуваат во доменот на орагнзиирањето на клубовите во елеитните натрпеварувања, односно во првите лиги во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Со ова, како што рече Спасов, се создава можнсота македоснктие спортски клубови во најатрактивните спортови да се професионализираат.„Со оваа мерка ќе се придонесе кон следење на европските и светските искуства, каде што најголемиот број клубови функционираат како акционерски друштва, кон регулирање и утврдување на сопственоста на клубовите, привлекување повеќе спонзори и приватни компании кои ќе инвестираат во спортските клубови, создавање професионални лиги, подобрување на организацијата, како и регулирање на статусот на спортистите и трнерите во насока на обезбедување пензиско, здравствено и социјално осигурување од клубовите“, рече директорот на Агенцијата за спорт и млади.Според Спасов се очекуваат позитивни придобивки за македонскиот спорт и создавање на професионален спорт, а при изработката на измените прво биле оценувани можностите на спортските клубови, односно кои спортски клубови може да се трансформираат во акционерски друштва. Тој додаде дека во однос на индивидувалните спортови каде што има помал број спортисти, Агенцијата ќе дава поголема поддршка, не само преку стипендии за младите спортисти и пензии, туку и со оддршка на меѓународните програми за подготовки на европски и светски натпреварувања и олимпијади на нашите репрезентативци.Со измените е опфатено и Собранието на Националната спортска федерација, при што се предлага и поширока законска рамка за неговиот состав. Имено споре изменит ена Законот, Собранието ќе го сочинуваат претставници од клубовите од првите и вторите лиги, како и други здружени во федереациите, претставници на спортските тренери, ветерани, судии и спортисти од дадениот спорт, кои ќе бдиат предложени од нивните организации.Исто така, предвидени се и лиценцирања на стручните лица, така што покрај досегашниот услов стручното лице да има соодветно образование од областа на спортот од најмалку вишо образование, за стручно образование ќе се смета и стекната лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

