Свет
Доверливите информации снимани на ЦД означено како „Леди Гага“

Огромната количина на доверливи информации кои вчера ги откри „Викиликс“ потекнуваат од аналитичарот на војската на САД, Бредли Манинг. Доверливите информации тој ги снимал на ЦД означен со име „Леди Гага“
Интернет магазинот „Вајерд њуз“ објави преписка помеѓу Манинг и хакерот Адријан Лам, во која аналитичарот се пофалил дека поседува информации кои ќе предизвикаат „светска анархија во дигитален формат“.„Хилари Клинтон и неколку илјади дипломати во светот ќе бидат шокирани, кога едно утро ќе се разбудат со сознание дека многу работи од доверливата надворешна политика и се достапни на јавноста, и тоа во формат кој овозможува пребарување“, напишал во таа пригода Манинг. Секаде каде што постои американско претставништво, постои и некаков дипломатски скандал кој ќе биде разоткриен“, зборувал тој.Аналитичарот на војската на САД, 27-годишниот Менинг изминатите седум месеци ги мина затворен во самица.Според признанието до тајните документи дошол на тој начин, што во воената база во близина на Багдад на работа доаѓал со ЦД кое може да се преснимува. ЦД-то било означено со „Леди Гага“ и на него Менинг ги копирал дипломатските тајни. „Тажно е што никој не се посомнева“, вели тој.Информациите тој му ги доставил на Џулијан Асанж, мистериозниот сопственик на „Викиликс“, интернет сајтот наменет за објавување на тајни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.