Спорт
Холандија според зацртаното
Без многу драматика „лалињата“ во првиот меш од Групата Е во Јоханесбург рутинирано ја совладаа Данска со 2:0
На отворањето на првото коло од Групат Е на „Сокер сити“ стадионот Холандија го почна мечот како апсолутен фаворит за пласман во втората фаза, но и на денешниот меч против Данска. Со играта во текот на целиот меч „лалињата“ кои денеска настапија без Робен, несакајќи да ризикуваат со непотребен напор и обновување на неговата повреда, докажаа се една од екипите кои во Јужна Африка ќе дојдат до самата завршница. Прашање е дали оваа селекција ќе може да дојде до самото финале, иако според квалитетот многу е реално да се најде барем во полуфиналето. Впрочем и при последното рангирање на ФИФА, Холандија е Инаку цврстите Данци во Јоханесбург во ниту еден момент не ја доведоа во прашање победата и супериорност на Холанѓаните. За нив останува шанската да ја бараат во следните мечеви против Јапонија и Камерун. По вообичаеното загревање и фачање на позициите на теренот, Данците ја имаа првата акција преку која се заканија кога во 6. минута од слободен удар од 30-ина метри откосо шутираше Еневолдсен, но топката мина за малку над голот. Холанѓаните возвратија веќе две минути подоцна која Дик Кајт од свртување од работ на шеснаесетникот биеше директно во данскиот голман Соренсен.Во 18. минута на двапати ван дер Варт има можност да ја доведе Хоалндија во водство, но и во двете прилики неговите шутеви се непрецизни, едниот е блокиран од противничката одбрана, а вториот мина високо над голот. Данците во 26. минут аја имаа најголемата шанса во дотогашниот тек од натпреварот. Тогаш на пет метри од холандската мрежа сам остана Бендтнер, кој со глава го промаши целиот гол. Шанса за центарфорот на лондонски Арсенал, која мораше да се погоди и која влијае врз антамошниот дел од мечот. Десет минути подоцна о Кахленберг шутира силно кон голот на Хоалндија, но голамнот Стакеленсбург со парада ја исфрла топката во корнер. а три минути подоцна на спротивната страна ван Перси направи одличен соло продор но во трк шутираше крај голот. Почетокот на второто полувреме ветува поинтересен и далеку поборбен фудбал , најмногу поради тоа шти уште во втората минута по една мешаница во казнетито простор на Данска, Полсен неконтролирано со глава го погодува Агер а топката завршува покрај неговиот голман Соренесен. Следуваат уште неколку обиди на „лалињата“ да зголемат, додека данските репрезентативци успеваат да дојдат до противничкиот шеснаесетник, но никако но да го нападнат голот на Стекелбург. За разлика од нив Холанќаните се конкретни, па во 72.минута Соренсен со крајни напори гоодбрани ударот на ван Бомел од 15-ина метри, а во 81.-та Снајдер од 25 метри цели во гредата.Но сите надежи на Данците кои се чини и не заслужија бод денеска, ги поптопи Кајт во 85 . минута уфрлајќи ја топката од непсредна близина, откако Елиа излегуивајќи сам пред Сорнесен ја погоди стативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џабе го поврзуваат со Реал, Клоп нема намера да работи како тренер
Реал Мадрид, вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.
Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.
Флорентино Перез реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.
Првиот човек на Реал, наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.
„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.
„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“
„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.
Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.
Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.
Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.
Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.
Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos

