Македонија
Момчето што загина пред „Мепсо“ носело симболи на владејачката партија

Припадникот на полиската единица за специјални намени „Тигар“ кој е осомничен за убиството на момчетот на скопскиот централен плоштад „Македонија“ ноќта во неделата кон понеделник бил на должност во обезбедување на прозлавата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ
Припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов го усмртил 22 годишниот Мартин Нешковски од скопската населбата Козле, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, рече дека Спасов по идентификувањето на момчето, сам се пријавил кај својот старешина. Тој додаде дека тепањето се случило додека полицаецот бил на службена должност, и требало да го обезбедува плоштадот поради прославата на ВМРО-ДПМНЕ.Котевски информираше дека убиеното момче можеби и самото било дел од прославата на владејачката партија, бидејќи носело симболи на ВМРО-ДПМНЕ.„Семејството е информирано врз база на идентификацијата, се очекува веројатно истиот да биде идентификуван и од неговите најблиски. Откако е добиена информацијата дека се работи за насилна смрт и откако беше идентификувано и лицето кое е убиено, обезбеден е и осомничениот и со него во моментов се разговара во службените простории во МВР и во текот на денот по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и истиот заедно со доказниот материјал ќе биде изведен пред истражен судија“, рече Иво Котевски.Тој додаде дека по завршување на службениот разговор ќе се знае повеќе и за мотивите односно за причините поради кои се случило убиството. Од МВР велат дека и покрај тоа што инсистирале било кој граѓанин кој има какви било податоци околу случајот да го пријави во полиција, сепак немале ниту една таква пријава.Братот на момчето веќе разговарал со полицијата, и кажал дека и порано го немало по неколку дена, и затоа семејството не реагирало откако не се вратил дома вечерта.Од истражниот судија се очекува да се добијат повеќе детали за тоа како настанала смртта. „Првично од тоа што го знам од разговорот, осомничениот вели дека воопшто не знаел во прв момент дека момчето починало, можно е да се работи и за убиство од небрежност“, рече Котевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.