Македонија
МВР: Шест лица и двајца полицајци повредени на Кале
Полициски патроли и натаму ја обезбедуваат околината на скопско Кале, по инцидентот, во кој според досегашните информации биле повредени осум лица, од кои двајца полицајци.Ова се наведува во официјалното соопштение што Министерството за внатрешни работи го издаде попладнево во врска инцидентот на скопско Кале, во кој се судрија две спротиставени групи, од македонска и албанска националност.„На повреди од каменувањето досега се пожалиле двајца полициски службеници, а од градската општа болница е добиено известување дека кај нив е укажана помош на уште шест лица на возраст од 13 до 24 години кои се пожалиле на повреди“, стои во соопштението. Од МВР информираат дека полициски патроли сеуште ја обезбедуваат околината, а наредните денови врз основа на снимените материјали ќе бидат повикувани учесниците во инцидентот.Според МВР, инцидентот се случил околу 13,15 часот на тврдината Кале во Скопје, кога стотина лица од две групи започнале меѓусебно да се каменуваат. „До инцидентот дошло во моментот кога на тврдината се пресретнале двете групи кои протестирале за и против изградбата на објектот“, се вели во соопштението.Полициските службеници кои биле присутни на местото се поставиле помеѓу двете групи и за 15-тина минути успеале да ги раздвојат и да ја смират ситуацијата, се додава во соопштението на МВР. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

