Свет
Запленети 190 милиони евра на мафијата
Италијанската финансиска полиција и карабинерите во четвртокот на југот од земјата заплениле имот во вредност од 190 милиони евра, меѓу кој се и две фудбалски екипи, кои припаѓале на калабриската мафијашка организација Н’драгета.
Италијанската финансиска полиција и карабинерите во четвртокот на југот од земјата заплениле имот во вредност од 190 милиони евра, меѓу кој се и две фудбалски екипи, кои припаѓале на калабриската мафијашка организација Н’драгета.Меѓу запленетиот имот има 40 фирми, главно од транспортниот бизнис, земјоделието и продавници, 44 станови, 12 гаражи, 60 парцели земја и 164 автомобили, соопшти попладнево италијанската полиција.Станува збор за имот на кланот Пеше чии припадници сакале да ја зголемат својата популарност со купувањето на два фудбалски клуба, Интерпиане и Саприа, кој се натпреваруваат во италијанската Серија Д, па така биле запленети и двата клуба.„Благодарејќи на денешната операција, мафијата е осиромашена и ослабена“, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Роберто Марони. Акцијата била изведена преку сознанијата добиени преку сведокот покајник, 30-годишната Џузепина Пеше, ќерка на Салваторе Пеше, шеф на истоимениот клан. За разлика од другата силна мафијашка организација Коза Ностра, покајниците се многу ретки во редовите на Н’драгета, а Џузепина Пеше меѓу другото придонела и за апсењето на нејзината мајка Ангела Фераро и 29-годишната сестра Марина Пеше.Според италијанската полиција, Џузепина се решила да соработува откако набрзо по нејзиното апсење, беше приведен и нејзиниот сопруг, па нивните три малолетни деца останаа без родители. Во замена за нејзините искази, Џузепина е ослободена и живее со децата на тајна локација./крај/анса/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

