Свет
Нобеловата награда за физика доделена за труд во космологијата (проширено)

Нобеловата награда за физика за 2011 година е доделена за работа во областа на космологија – проучување на Вселената, објави во вторникот во Стокхолм, Нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките.
Нобеловата награда за физика за 2011 година е доделена за работа во областа на космологија – проучување на Вселената, објави во вторникот во Стокхолм, Нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките.Наградата им е доделена на американските научници Сол Перлмутер и Адам Рајс и Австралиецот Брајан Шмит за откривањето на забрзаното ширење на Вселената со набљудувањето на оддалечените ѕвезди супернова.Тројцата научници ја делат наградата за неверојатното откритие дека ширењето на Вселената се забрзува, Научниците имено уште од дваесеттите години на 20-от век знаат дека космосот се шири, то е последица од Големиот тресок кој се случил пред 14 милијарди години. Но откритието дека тој процес се забрзува а не се забавува како што многу научници сметаа, ја протресе научната јавност. „Доколку продолжи да се забрзува ширењето, Вселената ќе се претвори во мраз’, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет. „На крајот на светот му порачавме дека го добивме тој луд резултат, дека Вселената забрзано се шири. Тоа се чинеше прелудо за да биде вистинито и самите малку се исплашивме’, изјави Шмит на телефонската прес-конференција за новинарите по прогласувањето на годинешните добитници на Нобеловата награда за физика. Нобеловиот комитет за физика при Шведската академија на науките во соопштението објави дека ова откритие е остварено со набљудувањето на оддалечените супернови, и дека наместо светлото да станува се појасно, тоа слабеело. „Изненадувачки е заклучокот дека ширењето на космосот не се забавува, Напротив, тоа се забрзува“, стои во официјалното соопштение.Се верува дека со забрзувањето управува темната енергија, иако космолозите немаат точна претстава за тоа што таа би претставувала. Се проценува дека темната енергија, некој вид превртена гравитација која ја одбива материјата којашто и’ се приближува, зазема четвртина од Вселената.Имињата на Перлмутер, Рајс и Шмит во текот на изминатите години, вклучително и годинава, секогаш беа посочувани како едни од најсериозните кандидати за највисоките научни награди. Така, на сегашните нобеловци во 2007 година им беше доделена наградата Грубер, најпрестижната награда во светот во областа на космологијата.Нобеловата награда минатата година во областа на физиката им припадна на руските научници кои работат во Велика Британија, Андреј Гејм и Константи Новоселов, за нивната работа на графин (единица на одреден систем за пишување). .Во среда, Комитетот ќе ги објави и добитниците или добитникот на Нобеловата награда за Хемија.Нобеловата награда изнесува 10 милиони шведски круни – односно милион евра. Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи во Стокхолм и во Осло на 10 декември, на денот на смртта основачот на престижната награда Алфред Нобел (1833 -1896), шведскиот пронаоѓач, индустријалец, научник философ и хуманист.Половината од наградата ја доби Перлмутер а другата половина ја делат Рајс и Шмид, соопшти Шведската академија на науките. Американецот Перлмутер ќе добие околу половина милион евра, а втората половина ќе ги поделат дригат аекипа којашто се занимава со истиот проблем – Австралиецот роден во САД Шмит и Американецот Рајс./крај/рн/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин