Македонија
Македонија го предава претседавањето со Комитетот на министри на СЕ
Македонија денеска завршува со претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. На состанокот во Стразбур Република Македонија досегашната позиција ќе и ја предаде на Република Турција, која во следните шест месеци ќе биде на чело на раководниот орган на најстарата пан-европска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. На свеченоста по повод примопредавањето, покрај турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давитоглу, се очекува да присуствува и Торбјорн Јаглад, генерален секретар на Советот на Европа.Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри ќе има обраќање во кое ќе ги сублимира активностите и настаните што македонското претседателство ги реализираше изминатиот период.„Претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа се одвиваше во еден многу значаен период за Организацијата која се наоѓа во фаза на интензивни реформи, особено во делот на унапредување на уникатниот механизам за системот за заштита на човековите права, а чие надградување и усовршување останува да биде приоритет и во наредниот период“, се вели во соопштението од македонското министерство за надворешни работи.Претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри при СЕ, се совпадна со одбележувањето на 60-годишнината од усвојувањето на Европската Конвенција за човекови права, како и со 15-годишнината од пристапувањето на Македонија во оваа организација./крај/со/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

