Економија
Истрагата не најде електронски проблем кај Тојота

Долгата истрага на американската влада за безбедносните проблеми на Тојота не покажа дека има електронски пропуст што би довел до несакано и ненадејно забрзување, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Студијата објавена денеска во Вашингтон, е изведена од инженери на Националната администрација за безбедност во сообраќајот и од Американската вселенска агенција НАСА.Тојота отповика милиони возила во светот по извештаите за забрзување на возилата кога нивните возачи не го сакаат тоа. Некои критичари тврдеа дека електрониката и компјутерите што контролираат многу функции во автомобилот се виновни за тоа.Но, десетмесечна студија покажа дека проблемите биле механички, а не електронски. Инженерите претходно велеа дека педалите за гас што се заглавувале предизвикувале некои од проблемите, додека лабавите подни покривки понекогаш несакајќи притискале на педалите за гас.Тојота го надмина Џенерал Моторс и стана најголем производител на возила во 2008, и проектира зголемен профит и покрај уназадувањето предизвикано од отповикувањето и растењето на јапонскиот јен./крај/VOA/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint App – сега и на Apple Store!

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.
Mint App – сега и на Apple Store!
Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!
Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.
Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp
ПР
Економија
Халкбанк предупредува на зголемена активност на измамнички пораки и апелира за внимателност

Халкбанк АД Скопје информира дека во изминатиот период сѐ почести се обидите за неовластено прибирање лични и финансиски податоци на граѓаните.
Се испраќаат лажни СМС или електронски пораки до поширок круг граѓани од земјата, во кои се злоупотребува името на банката. Истите содржат линк до измамничка веб-страница или прикачен документ со намера за измама. Целта на овие пораки е да се прибираат податоци за платежните картички, со цел истите да бидат злоупотребени.
Банката апелира до јавноста да не се отвораат линкови добиени преку вакви пораки, да не се внесуваат лични или финансиски податоци на линкуваните веб-страници и граѓаните да бидат особено внимателни. Постои можност измамничката веб-адреса да се промени во иднина, па затоа е потребна зголемена претпазливост.
Халкбанк АД Скопје никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Целосната комуникација од страна на банката се одвива исклучиво преку официјални и безбедни канали.
Банката посочува и на тоа дека пораките се упатени до широка база на контакти меѓу кои може случајно да има и клиенти на банката и затоа, доколку некој од нив има внесено податоци на измамничката веб страница, неопходно е веднаш да го контактира контакт центарот на Халкбанк АД Скопје за преземање понатамошни активности за спречување на измамите.
Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и истиот е на располагање 24 часа во денот.
Економија
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување. Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и кредибилитет се од особена важност за одржувањето на ценовната стабилност и стабилноста на денарот. Фондот заклучува дека солидниот раст на девизните резерви во 2024 година ја зајакна стабилноста на девизниот пазар, додека макро и микропрудентните мерки преземени од Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на финансискиот систем.
Во актуелниот економски контекст, ММФ нагласува дека е важно Народната банка, како и досега, да продолжи со внимателното следење на движењата на инфлацијата и финансиските текови и да ги формулира политиките соодветно на тоа, заради одржување на макроекономската стабилност. ММФ потенцира на внимателност во однос на инфлациските ризици и нивното евентуално остварување, вклучително и на оние што произлегуваат од домашните фактори коишто влијаат на побарувачката, што може да наметне потреба од натамошни мерки.
ММФ заклучува дека финансискиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при што банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен. Народната банка ќе продолжи со примената на макропрудентните мерки, заради одржување на стабилноста на финансискиот систем и заштита од потенцијалните ризици. ММФ ја поддржува оваа стратегија и ја нагласува нејзината важност во обезбедувањето долгорочна финансиска сигурност.