Регион
Во Грција уапсени 57 мигранти на копнената граница со Турција

Вкупно 57 мигранти кои илегално влегле во Грција преку копнената граница со Турција, уапсени се во северниот дел од земјата кон границата со Македонија, откако во саботата не беа регистрирани доаѓања на грчките острови, објави во неделата грчката полиција.
Мигрантите, меѓу кои 16 малолетници, се сокривале во заден дел од камион кој го возел 49-годишен Грк, кој е исто така е уапсен, во текот на сообраќајна контрола во саботата во близина на Солун, прецизираше полицијата.
Приведените мигранти, меѓу кои 53 Пакистанци, тројца Индијци и еден Авганистанец, влегле во Грција преку ректа Еврос, Тие рекле дека платиле по 3.000 евра за пренесувањето. Минатата седмица беше уапсени 29-годишен Грк кој 12 Сиријци возел во Атина, откако, исто така, на грчка територија влегле преку Еврос.
Меѓу саботата и неделата не се забележани доаѓања на егејските острови, што е првата етапа од мигрантскиот пат во ЕУ. По затворањето на балканската рута, за 90 отсто паднал наводно бројот на доаѓањата во април, според Меѓународната организација за миграции (IOM), со 3.360 лица наспроти 26.971 во март.
Меѓутоа, според грчкиот неделник Real News, кој се повикува на синдикален функционер на граничарите, илјада лица се приведени во текот на првите два месеца од годинава кои ја минале реката Еврос, наспроти само 116 за истиот период во минатата 2015 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.