Контакт

Македонија

Македонската жена треба да стане похрабра

Објавено пред

Со проекција на документарниот филм „Шијачки“ синоќа завршија активностите на второто издание на Women’s Rights Nights

dobivaj vesti na viber

Со проекција на документарниот филм „Шијачки“ во режија на Билјана Гарванлиева, дискусија на тема „Феминизација на сиромаштијата“, изложба на фотографии, промоција на календар и пригоден коктел, синоќа завршија активностите на второто издание на Women’s Rights Nights. Настанот беше организиран од Канцеларијата на жени на ОН во Скопје, Институтот за родови студии при Филозофскиот Факултет и Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА од Скопје.Како најава на проекцијата на филмот „Шивачки“ Слободанка Марковска, од Институтот за родови студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, го нагласи значењето на денот 8 Март и ги дефинираше облиците со кои се празнувал низ историјата.„Борбата за женските права се води повеќе од 200 години. Повеќе од 100 години се слави 8 Март. Облиците на прослава на Денот на жената се движеле од празник на убавината на жената до празник на мајката. Кај нас најчесто се слави како празник на мајката, но има и кич-прослави со шопинг-тури и масовно собирање по кафеани. Сепак, најбитно е што борбата за рамноправност на жената е извојувана и правата на жените се внесени во конвенциите на ОН“ – нагласи Слободанка Марковска.Ректорот на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, на метафоричен начин даде свој прилог во контекст на вечерта. Цитатот на една мисла од Малина Поп-Иванова, современичка на поетот Кочо Рацин и една од првите поборнички на женските права во Македонија, гласи:„Жената е цвет што расте врз машките урнатини во светот“.Соодветен пример за оваа мисла беше филмот „Шијачки“ на Билјана Гарванлиева, која го следи животот на неколку шијачки во фабриките за конфекција во Штип. Станува збор за трето нејзино документарно остварување. Во последниве пет години ги сними и документарните филмови „Девојчето со хармоника“ и „Тутуноберачката“. Главниот акцент во филмовите на Гарванлиева е ставен на функцијата и условите во кои живее жената во македонското современо општество.„Женските ликови во македонските филмови секогаш се прикажуваат во улога на жртви – или се домаќинки или се проститутки. Со моите филмови сакав да го прекршам тој стереотип и да ја претставам жената како хероина. Во филмот за шијачките од Штип, тие не кукаат и не плачат, туку се борат за себе и вистински успеваат да го издржуваат своето семејство“ – изјави режисерката Гарванлиева по проекцијата на филмот.Во дискусијата на тема „Феминизација на сиромаштијата“ учествуваа и професорката Милева Ѓуровска, од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, и Лилјана Јанкуловска од Сојузот на синдикатите на Македонија.„Сиромаштијата во Македонија е долгорочен процес. Според последните статистички показатели сиромаштијата го достигна нивото од 31,7 проценти. Исто така, жената на пазарот на трудот не е на она место коешто го заслужува. Општата слика вели дека дури 52 отсто од вработените земаат плата под 200 евра месечно, што ја нагласува сиромаштијата. Бројот на жените кои чекаат прво вработување е голем и во просек се чека по четири години за првпат да добиете вработување. Жените имаат 20 отсто пониска пензија од мажите. Тоа значи дека родовата нееднаквост најмногу се чувствува во областа на трудот“ – заклучи Лилјана Јанкуловска од Сојузот на синдикатите на Македонија.„Долгата транзиција и процесот на приватизацијата во државата се главните фактори за продлабочување на родовите јазови. Со оглед на зголемувањето на процентот на сиромаштијата од социолошки аспект проблемот станува сè посложен. Во ЕУ и во Македонија се појави тренд на флексибилни работни места, односно работа по договор, што уште повеќе го усложни проблемот. Флексибилизацијата на пазарот на трудот, односно можноста да се променат повеќе работни места, и флексибилизацијата на претпријатијата практично го деквалификува трудот на вработените, а особено на жените“ – нагласи професорката Милева Ѓуровска, од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје.Како заклучок беше извлечена поуката дека стравот поактивно да се вклучи во општествените процеси е една од клучните причини за експлоатацијата на жените, и дека македонската жена треба да се охрабри да го земе својот живот во свои раце./крај/т.д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

Мицкоски на денешната конференција на Паневропската унија во Македонија на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ рече дека „Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки коишто од внатре го уценуваат интегрирањето во рамките на Европската Унија и тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку се цени според тоа дали ќе го смениме Уставот, знамето, банкнотите.“

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Објавено пред

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.

Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.

„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија4 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија4 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија4 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет7 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет7 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион19 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет22 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет23 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ24 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија1 ден

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија1 ден

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...