Контакт

Наука

Фосил наречен по Мик Џегер

Објавено пред

Со својата 71-годишна возраст Мик Џегер е вистински рокенрол диносаурус, а сега и едно праисториско животно чиишто фосилни остатоци се откриени во Египет го доби името по славниот пејач на The Rolling Stones.

dobivaj vesti na viber

Научниците го откриле фосилот наречен Jaggermeryx Naida или „Водените нимфи на Џегер“, кои го добиле тоа име поради тоа што имале големи усни како и пејачот, пишува британскиот весник The Daily Miror.

Антропологот Елен Милер вели дека некои нејзини колеги предлагале животното се навекуваат според Анџелина Џоли којашто, исто така, има „прочуени“ усни, но дека како голем фан на The Rolling Stones, се рашила за Мик Џегер.

Нејзината научна екипа во студијата за ова откритие вели дека обликот на коските на челуста на суштеството коешто живеело пред 19 милиони години, сугерира дека било со големина на помал елен, и дека личело на вито конче. Научниците веруваат дека припаѓало на фамилијата копитари којашто се нарекува anthracotheres.

Грег Ганел, коавтор на студијата објавена во Journal of Paleontology, вели дека животното веројатно имало големи подвижни и тактилни усни, така што има основа да биде именувано по Мик Џегер. Се претпоставува дека со нив ги пасела растенијата од бреговите на реките и барите. Геолошките податоци, имено, покажуваат дека пустината каде што е пронајден фосилот во тој период била тропска бара./крај/мф/сн

Извор: The Daily Miror



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување

Објавено пред

Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.

dobivaj vesti na viber

Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.

Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.

Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.

Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.

Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.

Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.

Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.

Прикажи повеќе...

Наука

Балканот ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа, ниту на Mакедонија не ѝ се пишува добро

Објавено пред

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?

dobivaj vesti na viber

Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.

На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.

Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.

Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.

Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.

Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.

Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.

Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.

Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

Прикажи повеќе...

Наука

Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената

Објавено пред

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.

dobivaj vesti na viber

О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.

Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.

Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.

Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија2 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија3 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија4 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија4 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија5 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија6 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија6 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија6 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија6 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија6 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија6 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија6 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија7 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија9 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија9 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија12 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...