Спорт
Тренерот на Голден Стејт постави нов рекорд во НБА лигата

Тренерот на Голден Стејт Вориорс Дон Нелсон вчера вечер стигна до 1333-та победа како тренер што е нов рекорд во НБА лигата.
Тренерот на Голден Стејт Вориорс Дон Нелсон вчера вечер стигна до 1333-та победа како тренер што е нов рекорд во НБА лигата.Голден Стејт го победи тимот на Минесота Тимбервулфс со 116:107.
„Ова е прекрасно чувство“ изјави Нелсон по натпреварот и со вчерашната победа го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Лени Вилкенс.
Нелсон ја започна својата тренерска кариера ја започна во 1976 година а до сега ги водеше тимовите на Далас и Њујорк, но никогаш несе пласираше во финалето на НБА лигата.
Останати резултати во НБА лигата: Торонто- Бостон 104:115Индијана- Њујорк 113:105Орландо- Вашингтон 121:94Детроит- Атланта 90:88Мајами- Филаделфија 99:95Хјустон- Јута 113:96Оклахома- Денвер 94:98Милвоки- Њу Џерси 108:89 Далас- Мемфис 110:84Феникс- Сан Антонио 112:101 Лос Анџелес Клиперс- Портланд 85:93/крај/ес/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алекс конечно го победи постариот брат во главна трка

Алекс Маркез, конечно успеа да го победи својот брат Марк во главна трка оваа сезона. Возачот на Гресини ја освои Големата награда на Каталонија. Во целта имаше подобар резултат од возачот на Дукати за 1,8 секунди. Подиумот во Катлуња го комплетираше Италијанецот Енеја Бастијани на КТМ.
Алекс Маркез во Каталуња стави крај на серијата во која се наоѓаше неговиот постар брат, Марк, кој сметајќи ги спринт и главните трки беше во серија од 15 победи. Алекс трката ја започна од пол-позицијата и водеше од почетокот до крајот. Не направи грешка каква што му се случи вчера во спринтот, кога падна на четири круга до крајот кога беше водечки во поредокот.
Третата позиција ја освои звонредниот Бастијанини, кој стартуваше од деветтото место, а на крајот заврши на подиумот.
Зад него беше тимскиот колега Педро Акоста, а возачот на Јамаха Фабиот Квартараро го освои петтото место пред Аи Огура од Трекхаус.
Спорт
Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните

Кармело Ентони (41) и Двајт Хауард (39) стнаа жители на Куќата на славните во Спронгфилд.
Ентони, кој играше 19 сезони во НБА, ја заработи оваа чест врз основа на неговите лични достигнувања и како член на американскиот тим кој освои злато на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.
Американците особено го паметат златото од Пекинг затоа што четири години претходно во Атина беа само бронзени. Ентони има уште два златни медали од Олимписките игри: 2012 во Лондон и 2016 во Рио де Жанеиро.
Родениот во Њујорк, ја започна својата кариера во НБА во 2003 година. Прво играше за Денвер Нагетс осум сезони, а потоа од 2011 до 2017 година за Њујорк Никс. Играше и за Оклахома Сити, Хјустон, Портланд, а ја заврши својата НБА кариера со ЛА Лејкерс во 2022 година.
Тој беше избран во Ол-стар тимот десет пати, но никогаш не ја освои титулата шампион на НБА. Во текот на целата негова НБА кариера, тој имаше просек од 22,5 поени и 6,2 скока по натпревар.
И Хауард, беше и член на американскиот тим што освои злато на Олимписките игри во 2008 година. Иако немаше толку блескава кариера како Кармело Ентони, може да се пофали со НБА прстенот што го освои со ЛА Лејкерс во сезоната 2019/20.
Ја започна својата НБА кариера во 2004 година со Орландо Меџик. Промени седум клуба, а најмногу се задржа во Орландо и ЛА Лејкерс. Многумина го паметат и како најлошиот шутер на слободни фрлања во историјата на НБА (малку над 50 проценти). Неговиот кумулативен просек во НБА лигата е 15,7 поени и 11,8 скока по натпревар.
Спорт
Лојд и повредата на Роберсон ја однесоа Полска во четвртфиналето

Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80:72 во осминафиналето на Евробаскетот.
Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која во саботата беше подобра од Шведска.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10.
За Босна и Херцеговина, Нуркиќ се истакна со 20 поени и седум скока, а Роберсон имаше 19 пред повредата. Двајцата беа единствените што постигнаа двоцифрен број поени за „Змејовите“.
Босна и Херцеговина влезе многу добро во натпреварот, пред сè благодарение на Нуркиќ, кој ги уништи ривалите во рекетот.
Кога му се приклучи Роберсон „Змејовите“ имаа двоцифрена предност. Проблем за Полјаците беше што Лојд и Понитка, не го отворија добро натпреварот.
Сепак, како што двајцата почнаа да се будат, Полјаците ја стопија предноста, но секогаш кога се приближуваа, Роберсон го одбиваше налетот. Повторно, Полска беше во налет во третиот дел, но се чинеше дека Босна, преку Нуркиќ, повторно успеа да се одвои.
Сепак, Понитка влезе во серијата и, со помош на Балцеровски, режираше пресврт на влезот во последните десет минути.
Таму, тимовите се менуваа во водството, сè додека Лојд не ги зеде работите во свои раце и, со помош на своите соиграчи, не ги одлепи Полјаците. Повредата на Роберсон ги уништи надежите на Босна и Херцеговина, кој го напушти теренот на шест минути до крајот. Без него „Змејовите“ немаа решенија во нападот и на крајот не можеа да ја оспорат победата на Полска.
Foto/ EPA