Црна хроника
Скопјанец паднал со главата на скали и починал

Скопјанец кој престојувал во просторија во изнајмена куќа во кичевското село Другоо додека се симнувал по бетонски скали удрил со главата и починал.
Несреќата се случила ноќеска околу 3 часот додека шеесет и шестгодишниот скопјанец се симнувал по скалите. Паднал на грб и со глава, со тилот удрил во скалило. Тој се здобил со повреди и од страна на лица кои престојувале во истиот објект бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево каде што дежурниот лекар констатирал смрт.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кичево. Починатиот е пренесен во капела во Медицинскиот центар Кичево каде ќе се изврши обдукција./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.