Свет
ЗЕЛС обвини дека парите се делени по партиски клуч
Незадоволство од распределбата на средствата од Буџетот
Незадоволство од распределбата на средствата од Буџетот
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) е незадоволна од распределбата на средствата од Буџетот – програма водоводи во единици на локална самоуправа во Република Македонија или капитални дотации во единиците на локалната самоуправа. Оттаму сметаат дека главен критериум бил партиската припадност и дека најмногу од парите отишле кај градоначалниците од владејачките партии.
"Сметаме дека средствата во износ од 120 милиони денари се нетранспарентно и лошо разделени и дека партиската припадност на градоначалниците била главен критериум за нивна распределба", рече потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Гази Баба, Коце Трајановски, на вчерашната прес-конференција, појаснувајќи дека најмногу средства добиле општините чии градоначалници се од владејачките партии. Тој додаде дека кај градоначалниците од опозицијата постои голем револт од начинот на распределба на средствата.
"Битола, Прилеп и Велес заедно добиле по еден милион денари помалку отколку Липково, кое добило околу пет милиони денари. Во Скопје средства добија само општините Карпош, Чаир и Шуто Оризари, и тоа Карпош 2,5 милиони денари, а Чаир и Шуто Оризари по два милиона денари. Ниту една друга скопска општина не добила ниту денар", рече Трајановски и додаде дека само тие скопски општини имаат градоначалници кои се членови на партиите на власт.
Според информациите на потпретседателот на ЗЕЛС, Владата годинава планира да ги намали средствата од Фондот за патишта кои им ги исплаќа на општините, и тоа за 40-50 отсто во однос на ланските.
"Сметаме дека не е добро да се намалуваат овие средства, бидејќи сме во процес на децентрализација при што единиците на локалната самоуправа треба да покажат добри резултати. Со помалку средства тоа ќе биде невозможно и ќе се одрази на мислењето на граѓаните за децентрализацијата", појасни Трајановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, 1 декември.
Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани.
Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер Лајен кога Европскиот парламент гласаше за новиот шеф на Комисијата во јули кога таа доби 401 глас.
Пред пет години, во јули 2019 година, Урсула фон дер Лајен доби само 383 гласа, девет повеќе од апсолутното мнозинство, но нејзината прва Комисија доби поддршка од 461 европратеник, значително повеќе од денес, со тоа што тогашниот состав имаше помалку европратеници, 705, а сегашната има 720.
„Првата голема иницијатива на новата Европска комисија ќе биде компас за конкурентност, што вклучува затворање на иновацискиот јаз со САД и Кина, заеднички план за декарбонизација и конкурентност и зголемување на безбедноста и намалување на зависноста. Тој компас за конкурентност ќе биде рамка за нашата работа до крајот на мандатот“, објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во својот говор пред претставниците на Европскиот парламент, во кој ја претстави својата програма.
Таа рече дека компасот ќе биде изграден на три столба од извештајот за европската конкурентност, што за Комисијата го напиша поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги.
Зборувајќи за заостанувањето во иновациите, Фон дер Лајен рече дека ЕУ е на исто ниво со САД и Кина кога станува збор за патенти и создавање стартапи.
Сепак, само една третина од европските патенти се комерцијално експлоатирани, а европските стартапи наидуваат на многубројни пречки за нивниот раст.
Свет
Роберт Фицо му честита на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.
Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.
„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него не само во Словачка туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.
Регион
Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми
Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторникот, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.
Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улицата во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата „ИЕСС Манта“, каде што и покрај напорите на медицинскиот персонал, набргу починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено на судска медицина во Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а властите почнале интензивна истрага за откривање на сторителите.
„Јутарњи лист“ пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав (Ино) Зеленчиќ, основач на групата „Задар експрес“. Пред многу години Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој набргу бил решен.