Македонија
Кривична пријава за средношколецот кој го избодe синот на Стојановски
Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда против седумнаесетгодишниот С.У., ученик во гимназијата „Орце Николов“, кој вчера попладне со нож избодe двајца средношколци од гимназијата „Никола Карев“, соопшти МВР.
Неофицијално, средношколецот кој извадил нож е син на поранешен висок полициски функционер, а едно од повредените деца Н.С (16) е син на началникот на генералштабот, Мирослав Стојановски.
Според првичните информации, двете групи се скарале поради кошаркарскиот натпревар што се одигруваше синоќа меѓу МЗТ Скопје – Работнички.
Едната група, биле навивачи на едниот тим, а другата група го поддржувале другиот. Тешко повредениот средношколец, синот на Стојановски e во стабилна состојба.
Сè уште се наоѓа на одделот за интензивна нега во специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, но од таму велат дека неговата состојба е стабилна. Другото повредено дете А.А. (17) веднаш било пуштено на домашно лекување.
Двата средношколски табори се судрија вчера околу 13 часот на улицата „Никола Тесла“.
Најпрво настанала расправија, а потоа еден од средношколците извадил нож и еден од средношколците од спротивниот табор го прободил со еден убод, а друг средношколец со два убоди од нож./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

