Македонија
Лоша прогноза за македонската економија
Македонскиот бруто домашен производ (БДП) годинава ќе се намали за еден отсто, догодина ќе стагнира, а во 2011 може да се очекува раст од 2 отсто.
Македонскиот бруто домашен производ (БДП) годинава ќе се намали за еден отсто, догодина ќе стагнира, а во 2011 може да се очекува раст од 2 отсто.
Ова е оценка на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања (WIIW), кој во најновиот извештај тврди дека глобалната криза силно ќе ја потресе Средна, Источна и Југоисточна Европа, но нема подеднакво да се одрази врз сите земји од регионот.
Виенскиот институт ги групира државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа во три групи, оние што ќе имаат позитивен растеж, оние што стагнираат и државите што ќе одат во минус.
Негативен растеж ќе имаат Естонија, Унгарија, Литванија, Летонија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција и Украина.
Словенија, Романија и Бугарија ќе стагнираат, а БДП ќе успори, но ќе остане позитивно во Чешка, Словачка, Полска, Албанија, Казахстан, Русија и Кина.
Невработеноста во повеќето држави од регионот привремено ќе се зголеми, а потоа ќе опаѓа. Стапката на невработеност ќе остане висока само во Балтичките држави во Македонија, БиХ, Србија и во Црна Гора, се наведува во извештајот на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања./крај/ста/мп/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

