Македонија
Камион излета од мостот кај Велес

Возач на камион остана жив откако денеска излета од мостот кај Отовица на автопатот Велес-Скопје, во близина на езерото Младост.
Возач на камион остана жив откако денеска излета од мостот кај Отовица на автопатот Велес-Скопје, во близина на езерото Младост.
Возачот Ване Трајковски (28) од Скопје по тешката сообраќајна несреќа префрлен е во велешката болница каде му се санирани повредите.
„Пациентот е донесен во 12.30 часот со сериозни повреди на главата, повреда на рбетот и на обата скочни зглобови. Направена е примарна обработка на повредите, изваден е од шокова состојба и испратен во Ургентен центар во Скопје поради недостиг на томографски апарат. Пациентот е надвор од животна опасност“, рече хирургот др. Влатко Вишинов.
Жителите на Отовица најпрво слушнале силна експлозија и го виделе камионот превртен на пругата Велес- Кочани, а оградата на мостот била скршена.
Возачот го нашле во свесна состојба но скоро два часа пожарникарите се обидувале да го извлечат од оштетениот камион.
Се претпоставува дека причината за излетувањето е пукната гума на камионот.
„Кога ја слушнав експлозијата излегов надвор го видов камионот превртен на пругата. Сликата беше страшна, Истрчавме заедно со уште неколку соседи и го видовме возачот кој час беше во свесна состојба, час се губеше“, изјави очевидец.
Трајковски имал голема среќа, велат мештаните, што камионот паднал на пругата. Ако излетал на само неколку метри подолу на мостот, ќе завршел фатално, бидејќи провалијата е висока триесетина метри.
Пред неколку години ова место беше кобно за босански возач на камион. /крај/лисица/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.