Свет
Протечените документи го обвинуваат Пакистан

Документите кои протекоа од американската војска во Авганистан јасно ги потврдуваат тврдењата на авганистанската влада дека војната во оваа земја нема да заврши додека не бидат уништени терористичките прибежишта во соседен Пакистан, посочи официјален Кабул, пренесува Асошиејтед прес.
Документите кои протекоа од американската војска во Авганистан јасно ги потврдуваат тврдењата на авганистанската влада дека војната во оваа земја нема да заврши додека не бидат уништени терористичките прибежишта во соседен Пакистан, посочи официјален Кабул, пренесува Асошиејтед прес.
Во 91.000 документи кои ги објави интернет страницата за дигање на узбуни, „Викилик“, а кој протекоа од американската армија, меѓу другото се посочува дека Пакистан одржувал блиски врски со талибаните, додека истовремено примал значителна помош од САД. Со ова се става под голем знак на прашање способноста на САД да го натераат својот сојузник Пакистан да им го оневозможи на талибаните пристапот до прибежиштата на пакистанско-авганистанската граница.
„Документите кои неодамна протекоа јасно ја потврдуваат позицијата која Авганистан од секогаш ја имал, а тоа е дека успехот против талибаните не се постигнува во авганистанските села, туку со прекинување на нивната финансиска, политичка и идеолошка поддршка преку границата“, се вели во соопштението издадено од канцеларијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
Иако Карзаи не го спомена експлицитно Пакистан, ова се смета за најотвореното обвинение за соработка со талибаните упатено до сега до властите во Пакистан. Во своја одбрана, пакистанскиот амбасадор во САД, Хусаин Хаќани во понеделник изјави дека повеќето од документите се со стар датум и „не ја одразуваат реалноста на теренот“.
Пакистан им помогна на талибаните да ја преземат власта во Авганистан во 1990 година. Иако владата на Пакистан под американски притисок јавно се одрече од групата во 2001 година, повеќето аналитичари веруваат дека Пакистан и натаму одбива целосно да ги прекине врските со талибаните, затоа што тие можат да бидат многу корисни сојузници во Авганистан кога ќе си заминат западните сили. /крај/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин