Контакт

Македонија

Доделени наградите „Макинова„ и „Еконова“ 2009

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на Скопскиот саем ги додели наградите „Макинова„ и „Еконова“ 2009

dobivaj vesti na viber

На Скопскиот саем беа доделени наградите за најдобрите експонати од интернационалната изложба на пронајдоци, технички унапредувања, нови производи и творештво на млади „Макинова“ и од меѓународната изложба на технички унапредувања и иновации од областа на животната средина „ Еконова“ 2009.

„Наградата на Градоначалник на Град Скопје“ Макинова 2009 му беше доделена на авторот Никола Бурчевски за експонатот Микроконтролери.

Веле Николовски за експонатот Еко систем за градење, е добитник на наградата „Еконова“ 2009.

„Ми претставува особена чест што традицијата за награда на Градоначалникот на Град Скопје за иновативни и креативни решенија, презентирани во рамки на манифестацијата МАКИНОВА, ја обновуваме во Европската година на креативност и иновации, што е уште еден доказ за нашата посветеност кон поттикнувањето и промоција на креативноста.Се надевам дека за авторите ова ќе биде поттик за нивно понатамошно ангажирање и афирмација на Скопје и Македонија како поддржувачи и поттикнувачи на креативноста и иновативноста“, истакна Градоначалникот Трајановски при доделувањето на наградите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

Објавено пред

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

dobivaj vesti na viber

На средбата Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Отворен регионален стационар за згрижување бездомни миленици во Кавадарци

Објавено пред

Добро е кога се гради, затоа што многу работи треба да се изградат, да се завршат, да се обноват. Едноставно тука ја добивме довербата кај граѓаните и не смееме по ниту една цена да ја прокоцкаме таа доверба.

dobivaj vesti na viber

Ние како влада и јас лично ќе дадам сѐ што е возможно и сѐ што е во наша моќ да реализираме што е можно повеќе проекти, коишто ќе додадат вредност во животот на граѓаните на целата територија на државата, без разлика дали општината има градоначалник од владината коалиција, од ВМРО-ДПМНЕ, од ВРЕДИ, од ЗНАМ или пак е од опозициската СДСМ или пак од Демократската унија за интеграција или пак е независен, рече премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци.

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик.
И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да, очекувам. Инаку, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на домашниот бруто-производ кој е најнизок во последните пет години. Односно, јавниот долг е некаде околу 57,7% од домашниот бруто-производ, а државниот е 50,1 %. Како Влада имаме јасна стратегија – до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55 %, зошто да не и под 50 %, а државниот да биде под 45 %, зошто да не и под 40 %.

Но, она што за мене е исто така важно е номиналниот домашниот бруто-производ да биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сигурен сум, бидејќи, како што кажав, во месеците што следуваат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментираше вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов во врска со...

Македонија27 минути

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија2 часа

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија2 часа

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија2 часа

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет4 часа

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија5 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет6 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија6 часа

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет6 часа

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ17 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ18 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет18 часа

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија23 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија1 ден

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија1 ден

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ1 ден

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија1 ден

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...