Македонија
Ивановски: Закон кој ќе овозможи заштита на новинарите и слобода на изразување
Закон со кој ќе се заштитат новинарите и ќе им се овозможи слобода на изразувањето, е ставот на министерот за информатичко општество и администрација, на јавната расправа по законот за медиуми.
За Ивановски, нацрт верзијата на сега веќе двата закон, за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се направени по препораките на претставниците на ОБСЕ и Советот на Европа.
„Предлагаме закон со кој ќе се заштитат новинарите и ќе им се овозможи слобода на изразувањето, закон кој ќе помогне во развојот на медиумскиот сектор во земјата и ќе го направи независен, а сопствениците на медиумите ќе имаат поголема одговорност“, изјави Ивановски.
Од Самостојниот синдикат на новинарите велат дека оваа трета верзија на законот е подобра од претходните, но останува загриженоста поради одредени членови во законот.
Македонската асоцијација на новинари пак, го поздрави донесувањето на законот и вели дека со истиот ќе се заштитат новинарите и нивните права.
Во понеделникот пак, Здружението на новинари на Македонија посочи дека оваа верзија на законот има порестриктивни решенија од веќе постоечкиот и дека истиот не е усогласен со Уставот на Р. Македонија.
За 13-ти август е закажана уште една јавна расправа до двата закона за медиуми, а на неа ќе учествуваат и претставници од мисијата TAIEX, како и од ОБСЕ и Советот на Европа. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

